Два хеликоптера на јапонските сили за самоодбрана се урнаа во морето за време на вежба, при што загина најмалку едно од осумте лица во нив, јавија агенциите, цитирајќи јапонски медиуми.
Хеликоптерите SH-60 синоќа изведоа вежби за борба против подморница во близина на јужниот брег на Централна Јапонија, наведуваат јапонските медиуми.
Потрагата по исчезнатите членови на екипажот продолжува.
Јапонскиот министер за одбрана, Кихара Минору, на прес-конференција рече дека двата хеликоптера најверојатно се судриле.
Американскиот амбасадор во Јапонија, Рам Емануел, на социјалната мрежа Х објави дека Јапонија може да смета на САД во спроведувањето на операцијата за потрага по исчезнатите лица.