Двајца од повредените во автобуската несреќа во Бугарија хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Скопје, 27 ноември 2021 (МИА) – Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма” во Република Бугарија, претпладнево се префрлени на лекување во УКЦ  „Мајка Тереза” во Скопје, информира Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој ги пречека пациентите,  претходно изјави дека и двајцата се стабилни и се со полесни повреди и оти ќе бидат задржани на лекување на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

-Пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе се направи проценка да се испишат на натамошен домашен третман. Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент.  Целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето , изјави министерот Филипче.

Од МЗ најавуваат дека другите пет пациенти од несреќата кои се на лекување во Софија, ќе бидат отпуштени во фази во зависност од нивната состојба. Во несреќата што се случи рано изутрината на 23 ноември на автопатот „Струма“ загинаа 45 лица. Според бугарските истражители, жртвите починале од задушување откако автобусот се запалил, а најверојатна причина за несреќата е човечка грешка.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе