На 20 април во 14:23 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на индустрискиот дел на Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило Škoda Rapid со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д. (66) од Скопје и патничко моторно возило Peugeot 206 со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Н. (40) од Кочани.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на возилото Peugeot и Л.Д. (64) од Скопје, сопатничка во возилото Škoda, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Штип.
Возачот Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Увидот на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Штип.