DW: Груевски отворил фирма во Унгарија

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство и има добиено азил во Унгарија, регистрирал фирма со широка деловна активност во градче во близина на Будимпешта.

Според документи објавени во унгарскиот Централен регистер на фирми, како што објави Дојче веле, лицето Никола Груевски, роден на 31 август 1970 година од мајка Надежда Мијалкова, побарал и добил одобрение да почне бизнис со фирма чие седиште е во Пецел на горенаведената адреса. Од увидот во документите, може да се прочита дека Друштвото со ограничена одговорност на Груевски планира широки бизнис активности во најмалку 10 различни сектори.

Согласно унгарските закони, фирмата ќе може да врши трговија на големо со порцелан и стакларија, како и со средства за чистење; трговија на големо со храна, пијалоци и тутун; како и со други разновидни стоки. Ќе може да се занимава и со активности во сферата на управување со имоти (холдинг), во бизнис менаџмент, комуникациите со јавност, рекламирањето, во истражувања на пазари и испитување на јавно мислење, како и во организација на конференции и трговски изложби.

Регистрацијата на фирмата го чинела Груевски три милиони унгарски форинти или 8.350 евра.
Тој не приложи лична адреса во Унгарија, туку ја навел адресата на неговиот адвокат во Будимпешта.

Извори на Дојче веле во Унгарија, како што се наведува, објаснуваат дека „веројатно Груевски сакал од безбедносни причини неговата домашна адреса во земјата, во која избега во ноември 2018 година, да остане тајна. Но затоа, немал проблем како втора адреса за комуникација да ја наведе онаа во Скопје, на улицата Павел Шатев број 3 во Кисела Вода, од каде што се упати во бегство до Унгарија“. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе