ДЗС: Пописот завршува, во 20 часот ќе биде затворена апликацијата за попишување во земјата и за самопопишување на дијаспората

Долгоочекуваната статистичка операција која во државава се очекуваше речиси 20 години финишира и во тек се последните теренски проверки за попишување на оние домаќинства кои од разни причини не биле опфатени досега. Вечерва во 20 часот ќе биде затворена апликацијата за попишување во земјата, но и апликацијата за самопопишување на дијаспората, информира Државниот завод за статистика.

Во поголемиот дел од општините низ државата теренските активности се завршени и таму се одвиваат технички активности на раздолжување на попишувачите.

Во одредени средини, попишувачите се на терен и сѐ уште посетуваат домаќинства за никој на да не биде испуштен.

– Ова се изолирани случаи во кои попишувачот не успеал да оствари контакт со граѓаните и да ги попише и затоа Државниот завод за статистика апелира до сите граѓани кои се сè уште непопишани, да ги посетат пунктовите во своите општини и да се попишат. Исто така, и во зградата на Државниот завод за статистика, на ул. „Даме Груев“ бр. 4, постои пункт каде што можат да се попишат лица од целата територија на град Скопје, информираат од ДЗС.

Денеска е последниот ден од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година. Остануваат уште неколку часа во кои ќе се одвиваат последните проверки на теренот и во 20 часот ќе можеме да објавиме дека конечно, после 20 години, Државниот завод за статистика успешно ја реализираше најголемата статистичка операција, се вели во соопштението од ДЗС.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе