Една од најголемите римски трагедии: Масакрот во Каледонската шума

Во 120 година Римјаните доживеале тежок пораз во северниот дел на Британија, во древната земја наречена Каледонија каде се соочиле со непознатото домородно население Пикти.

За оваа крвава битка единствен сведок е дневникот на сениор центурионот Тит Урсиј, од кој преживеале само фрагменти.

„Напишано од Тит Урсиј, Примус пилус Легија IX Хиспанска, во третата година од владеењето на Адријан (120 година, заб. на прев.). Ова веројатно ќе биде мој последен папирус и пишување во мојот дневник“.

„Нашата легија беше нападната од заседа во дивото царство наречено Каледонска шума и беше речиси целосно уништена. Половина од мојата прва кохорта е сè што остана од IX легија. Бевме турнати во мочуриштето и веројатно ќе умреме овде, борејќи се храбро до крај во името на Рим и императорот. Бевме нападнати од демонска глутница варварски Пикти. Повеќе личеа на диви ѕверови отколку на луѓе. Некои од нив беа облечени во животинско крзно, насликани со чудни рунски знаци...други се чинеше дека се двоножни диви ѕверови. Нѐ распарчија како да сме од хартија! Ги видов нашите легати и браќата како живи ги јадат, никогаш нема да ги заборавам нивните крици. Варварите нè нападнаа незабележано, брзо и со див бес, па исчезнаа во маглата. Главно ноќе. Нашите штитови, мечеви и оклопи не беа во корист овде. Непријателот со кој се соочуваме се чини дека е древниот гнев на некои темни богови што ги разбудивме. Никогаш не треба да ги нападнеме овие земји. Слушам демонски завивања, доаѓаат! Тие доаѓаат!“

Парчиња од папирусот на Тит Урсиј биле пронајдени во октомври 120 година во Каледонската шума. Каков-таков, дневникот бил однесен во Рим, каде што му бил предаден на императорот, а потоа запален. Две години подоцна, императорот Адријан наредил изградба на ѕид на границата со земјата наречена Каледонија, во Северна Британија, за никогаш повеќе да не се повтори трагедијата од Каледонската шума.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе