Едштадлер: Повикајте го Западен Балкан на масата на ЕУ, но без право на глас

Макфакс
/ 31.08.2023 / 09:07

Австриската министерка за Европа, Каролин Едштадлер, рече дека нејзината земја се залага за етапна интеграција на земјите кандидати во Европската Унија.

Според неа, и пред формалното членство, на тие земји би им било дозволено да седнат на масата на ЕУ и да учествуваат во дијалогот, иако сѐ уште нема да имаат право на глас.

Едштадлер во интервју за австриското државно радио рече дека сега е вистинското време за ваква промена во процесот на проширување на ЕУ, пренесуваaт медиумите.

Министерката потсетува дека таа и шефот на австриската дипломатија, Александер Шаленберг, и претходно презентирале ваква идеја, но оценила дека сега е време да се спроведе.

„Живееме во многу предизвикувачко време, доживуваме војна на европско тло. Кога, ако не сега, е моментот да се реформира процесот на проширување на Унијата. Време е за големи идеи и да се разбере дека населението исто така мора да биде дел од тоа“, рече Едштадлер.

Според неа, Западот со години ја следи европската интеграција на Западен Балкан, „каде заглавуваат многу работи“, а каде што сега „чекор по чекор има дури и отстапување“ од европскиот пат.

Целта на европската интеграција, нагласи таа, останува полноправно членство, но тоа е долг пат полн со болни реформи.

„Не можеме да очекуваме тоа да се случи преку ноќ“, рече таа, оценувајќи дека постепената интеграција ќе биде и награда за напорната работа што треба да ја направат земјите кандидати.

Постепената интеграција на земјите кандидати, вклучително и Молдавија и Украина, ќе ги натера да се чувствуваат дека веќе учествуваат во креирањето на европската политика, иако сѐ уште немаат право на глас, рече Едштадлер.

Запрашана како тоа може да изгледа во пракса, австриската министерка вели дека преговорите со ЕУ се строго формален процес кој се одвива во кластери.

Кога една земја затвора кластер, на пример во областа на науката или образованието, треба да ѝ се дозволи да учествува во дискусии на таа тема во ЕУ, објаснува Едштадлер.

Таа додава дека, според нејзиното искуство, во 2020 и 2021 година, малкумина лидери на ЕУ навистина го поддржаа проширувањето, но дека денес за повеќето, тоа е прашање на здрав разум поради зголеменото влијание на Русија и Кина.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе