ЕМА: Случаите на тромбоза по вакцинација ќе се следат повнимателно

На прес-конференцијата на Европската агенција за лекови попладнево за можната поврзаност експертите навлегоа во деталите на случаите на згрутчување на крвта по примање на вакцините кои користат аденовирус, јави дописничката на МИА од Брисел.

Иако сѐ уште не е јасно што и како точно се појавуваат ретките случаи на тромбоза на невообичаени места во телото после вакцинација, засега според научните истражувања тие се појавуваат почесто кај лица што примиле вакцина која користи аденовирус вектор отколку со вакцините кои го користат мРНК методот, објаснија докторите во ЕМА.

Највеќе случаи има со вакцината на AstraZeneca со 287, потоа Pfizer со 25, Johnson & Johnson со осум случаи и Moderna со пет случаи.

Сепак, како што објасни докторката Штраус, претседавач на Комитетот за фармаковигилентност на ЕМА (ПРАК) случаите на згрутчување на крвта после примање на аденовирус вакцините се повисоки од очекуваното, за разлика од другиот метод.

Во случајот на Johnson & Johnson бил идентификуван еден случај на тромбоза веќе и во клиничката фаза на тестирање.

Што се однесува до вакцините кои користат мРНК метод, односно Pfizer и Moderna докторката Штраус порача дека бројот на случаи е ограничен во споредбата со стапката на вакцинирани лица, и дека со оглед на тоа бројот на случаи на тромбози е понизок од тоа што тие го очекувале.

Останува дека научниците сѐ уште не се во позиција да кажат прецизно што ги предизвикува овие многу ретки случаи на згрутчување на крвта. Иако сѐ повеќе погодени жените под 60-годишна возраст, не се исклучиво тие засегнати, а во случајот на Johnson & Johnson само една од жртвите на тромбоза користела контрацепција, така што во овој момент не може да се дефинираат прецизни фактори на ризик.

AstraZeneca и Johnson & Johnson иако се аденовирусни вакцини тие не се исти, објасни докторката Штраус. Имено, AstraZeneca користи аденовирус од шимпанза, додека Johnson & Johnson користат човечки аденовирус. Ова е една, но и единствена разлика помеѓу овие две вакцини.

ЕМА меѓутоа отсега натаму со уште поголемо внимание ќе ги следи случаите на згрутчување на крвта после вакцинација, вклучително и кога ќе дојде на ред авторизацијата за руската вакцина Спутник.

-За сега ПРАК е во многу рана фаза за Спутник, но бидејќи сега сме алармирани за овие случаи ќе посветиме поголемо внимание на тоа и пријавувањето на овие случаи ќе биде една од обврските на компаниите, изјави директорката на ЕМА, Имер Кук.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе