Еспер: Американската армија го пренасочува вниманието кон Русија и Кина

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер нагласи дека Америка планира да го сврти вниманието на американската војска кон Русија и со Кина, и покрај безбедносните закани на Блискиот исток.

Еспер ги истакна своите стратешки цели и приоритети во говор на Националниот форум за одбрана „Роналд Реган“, на кој секоја година се среќаваат армиски лица, претставници на владата и на одбранбената индустрија.

Министерот Еспер, кој ја презеде функцијата во јули, ќе се придржува кон одбранбените приоритети поставени од неговиот претходник, Џим Матис, кој исто така присуствуваше на говорот.

Матис поднесе оставка пред една година во знак на протест против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување од Сирија. Оттогаш, Блискиот исток стана уште понестабилен.

Поради загриженоста во врска со иранските акции, најмалку 14.000 американски војници се распоредени во регионот на Заливот од мај.

Сирија може да се смета за покомплициран проблем за Вашингтон, а Ирак се соочува со граѓански протести.

Нападот во петокот врз американската поморска база во Пенсакола може да ги комплицира воените врски меѓу САД и Саудијците, иако Еспер во петокот рече дека односите меѓу двете земји остануваат стабилни.

реклама

Свет

На Кубанците им дојде преку глава: Протестираат бидејќи нема храна и струја

Read more

И по Путин – Путин: „Победата“ вечерва ќе се слави на Црвениот плоштад

Read more

Израел ќе му понуди на Хамас шестнеделно примирје за 40 заложници

Read more

ЕУ му вети на Египет 7,4 милијарди долари помош со цел да се запре миграцијата

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Јакимовски за црната листа: Ниту Американци, ниту свети Американци нема да ни кажат кој ќе ни ја води Македонија

Читај повеќе

Без струја неколку скопски општини

Читај повеќе

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини снег

Читај повеќе

Претепан возач на автобус на ЈСП

Читај повеќе

Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД

Читај повеќе
  • play_arrow

На Кубанците им дојде преку глава: Протестираат бидејќи нема храна и струја

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

И по Путин – Путин: „Победата“ вечерва ќе се слави на Црвениот плоштад

Читај повеќе

Израел ќе му понуди на Хамас шестнеделно примирје за 40 заложници

Читај повеќе