Европратеничката Ева Каили тврди: Невина сум

Преку адвокат во Грција, потпретседателката на Европскиот Парламент и европратеничка Ева Каили, тврди дека е невина за скандалот со корупција од Катар, јави дописничката на МИА од Атина.

Еден од адвокатите Михалис Димитракопулос за грчката телевизија „Опен“ категорично отфрли поврзаност на Каили со какво било финансирање од Катар.

-Нејзината позиција е дека е невина. Ова можам да ви го кажам. Но, и дека нема никаква врска со финансирање од Катар. Никаква. Јасно и категорично. Ова е нејзината позиција. Детали не можам да откријам, рече Димитракопулос, кој додаде дека не знае дали биле навистина биле пронајдени пари, колкав бил износот и сл.

Адвокатот отфрли каква било бизнис активност на Каили и истакна дека единствената нејзина професија е европратеничка.

Според имотниот лист на Каили, што го објавија медиумите во Грција, сопственичка е на четири недвижнини, од кои три стана во Грција и еден во Белгија, а во грчките и белгиските банки има над 460.000 евра.

Шефот на Управата за спречување перење пари Хараламбос Вурлиотис вчера наредил замрзнување на имотот на Каили, како и на членовите на нејзиното семејство и нејзиниот партнер со цел да се обезбедат податоци за имоти, сметки, фирми итн во Грција кои можеби потекнуваат од незаконски активности,

Ева Каили е меѓу четворицата уапсени и осомничени за скандалот со корупција, а според грчките и белгиските медиуми утре ќе биде одлучено дали ќе ѝ се одреди мерка притвор.

Како што претходно објави МИА, шефовите на сите политички групи во Европскиот парламент денеска се согласија да ја сменат потпретседателката Ева Каили, пред гласање на пленарна седница.

Конечната одлука за смена на Каили од функцијата треба да ја одобри двотретинско мнозинство од пратениците на ЕУ, а гласањето може да се одржи уште денес. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more
 

Вести

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе