Facebook се заканува дека ќе ги отстрани вестите од својата платформа

Поради контроверзниот предлог-закон што Конгресот би можело да го усвои, Meta, матичната компанија на Facebook, се заканува дека ќе ги отстрани вестите од својата социјална платформа.

Meta се закани дека ќе ги отстрани вестите од својата платформа доколку американскиот Конгрес усвои предлог кој има за цел да им олесни на новинските организации колективно да се договараат со компании како Google и Facebook.

Според Reuters, извори информирани за ова прашање велат дека пратениците размислуваат да го додадат Законот за заштита на конкуренцијата и новинарството во годишниот нацрт-закон за одбрана што мора да се гласа, како начин да ѝ се помогне на локалната информативна индустрија. Сепак, се чини дека Марк Закерберг и неговата компанија Meta нема да седат со скрстени раце.

„Доколку Конгресот усвои непромислен предлог-закон за новинарство, ќе бидеме принудени да размислиме за целосно отстранување на вестите од нашата платформа, наместо да се подложиме на преговори со мандат од владата кои неправедно отфрлаат каква било форма на вредност што им ја даваме на новинските агенции преку зголемување на публиката и претплатата“, се закани на Енди Стоун, портпарол на компанијата Meta.

„Законот за конкуренција и зачувување на новинарството пропушти клучен детаљ - издавачите ставаат своја содржина на нашата платформа затоа што им користи, а не обратно. Ниту една компанија не треба да биде принудена да плаќа за содржини што корисниците не ги користат. Едноставно кажано - Владата создава ентитет сличен на картел кој бара од една приватна компанија да субвенционира други приватни субјекти, што е ужасен преседан за американскиот бизнис“, вели Стоун.

Групата News Media Alliance, која ги застапува новинските агенции, бара од Конгресот да го додаде предлог-законот во нацрт-законот за одбрана, тврдејќи дека „локалните весници не можат да си дозволат да издржат уште неколку години злоупотреба од големите технолошки компании, а времето за дејствување истекува. Ако Конгресот не дејствува наскоро, ризикуваме да дозволиме социјалните мрежи да станат локалниот весник на Америка“.

Сличен австралиски закон, кој стапи на сила во март 2021 година, по разговорите со големите технолошки компании доведоа до кратка суспензија на вестите на платформата Facebook во таа земја, во голема мера функционираше, се вели во владиниот извештај.

Откако стапи на сила Кодексот за преговори за медиуми, различни технолошки компании, вклучувајќи ги Meta и Alphabet, потпишаа повеќе од 30 договори со медиуми, компензирајќи им за содржината што генерира кликови и пари за реклами, се додава во извештајот.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе