Фаучи: Вистинската нормалност нема да се врати оваа година

Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, изјави дека коронавирусот може да се појави во неколку циклуси и оти враќање на целосна нормалност во секојдневниот живот веројатно не може да се очекува оваа година.

– Се надевам дека одреден степен на вистинска нормалност ќе биде воспоставен во следната година, или така некако, но не мислам дека ќе биде оваа зима или есен, рече Фаучи во интервју за британски The Telegraph, додавајќи дека коронавирусот сепак ќе биде присутен подолго.

Фаучи исто така рече дека наскоро не може да се очекува укинување на забраните за патувања на некои меѓународни релации и оти, судејќи според стапката на ширење на заразата, за тоа ќе бидат потребни месеци, а не само недели.

Тој ги предупреди учесниците во демонстрациите против расната неправда за ризикот од зараза со коронавирусот на масовни собири, дури и ако се користат заштитни маски.

Според CNN, Фаучи изрази оптимизам во врска со успешниот развој на вакцина против коронавирусот.

– Имаме потенцијални вакцини, четири или пет, кои значително напредуваат… Врз основа на сè што се гледа од резултатите во рана фаза, можно е да се замисли дека ќе добиеме две или три успешни вакцини, објасни Фаучи.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе