Фенербахче преку СМС пораки собира пари за платата на Озил

Претседателот на Фенербахче, Али Коч, ги замоли навивачите да помогнат во финансирање на платата на Месут Озил преку СМС кампања.

Искусниот 32-годишник вчера официјално го парафираше договорот со турскиот гигант до летото 2024 година, според кој треба да заработува околу четири милиони евра годишно.

Сепак, Фенербахче во моментов е оптоварен со големи долгови и ќе му треба помош за исплата на платата на Озил, како што потврди претседателот Коч во изјавата за Daily Mail.

„Имаме барање до нашите навивачи и партнери. Продолжете да нѐ поддржувате, а исто така зависиме и од вашата финансиска поддршка. На денот на потпишувањето на Озил, ќе ве замолам да го срушите рекордот испраќајќи СМС-пораки за да донирате пари на клубот. Може да се соберат 300.000, 500.000 или можеби дури и милион пораки. Оваа поддршка ќе ни значи“, рече првиот човек на Фенербахче.

Една СМС порака ќе чини 2,25 евра и се праќа на бројот 1907, што ја симболизира годината кога Фенербахче беше основан. Клубот веќе добил 150.000 пораки за само еден ден.

URL

За потсетување, Озил го раскина договорот со Арсенал вреден 400.000 евра неделно со цел да се префрли во Фенербахче како слободен агент, а како што пишува шпанскиот весник AS, новата неделна плата на Германецот ќе изнесува „само“ 75.000 евра.

Тоа се дури 325.000 евра помалку отколку што имаше во клубот од Лондон, но 32-годишниот играч сепак ќе има можност да ја зголеми заработката во Фенербахче преку дополнителни бонуси.

Озил ќе го носи бројот 67 во Фенербахче до крајот на оваа сезона во чест на баба му и дедо му кои пораснале во турскиот град Зонгулдак, чиј поштенски код е 67.

Но, на крајот на оваа сезона, тој ќе го добие бројот 10 што во моментов го носи танзанискиот напаѓач Мбуана Самата.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе