Фетаи во завршен збор за „Монструм“: Обидот на одбраната за поврзување на случајот со структури на МВР е целосно неточен

Обидот на одбраната за поврзување на возилото Opel Omega и целата операција со структури на МВР, е целосно неточна теза и од правно-фактички и од правно логички-аспект, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи во завршни зборови за случајот „Монструм“.

Според Фетаи, ваквите обиди целосно паѓаат со исказите на сведоците и изнесените докази во текот на постапката.

За тоа наводите дека претходно во постапката не им бил дозволен увид во возилото, Фетаи, рече дека е дозволен и извршен увид во предметното возило.

– Во текот на оваа постапка, во присуство на судечки совет и записничар и медиуми во депото на Агенцијата за управување со одземен имот во Миладиновци е извршен увид и фотографирање на предметното возило Opel Omega. Возилото има и задни седишта со потпирачи за глава и блатобрани на сите четири пневматици, изјави Феати.

Верзијата дека жртвите се убиени на друго место и донесени на местото на кое се пронајдени, според Фетаи е целосно неточна и нагласи дека за ова говорат изведените и материјални и нематеријални докази.

– За наводите дека заштитениот сведок не постоел и бил инструиран, самите обвинители од СЈО имаа можност да го видат сведокот, така да сведокот постои и не е измислен. Доколку бил инструиран, тогаш сигурно ќе беше наведен да дава подетален опис на дејствијата на лицата. Исказот, на сведокот, на кој нема да се темели обвинението, имаше нејаснотии и празнини. Ова го потенцирам за уште еднаш да се покаже неточна интенцијата на одбраната да тврди дека целиот случај е инструиран, изјави Фетаи.

Уште една шпекулација, за која нема никакви докази и основи, рече Фетаи, е дека убиените деца се познавале со децата на собранискиот спикер Трајко Вељановски и дека имале нерасчистени сметки.

Дека Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ се извршители на убиствата, рече Фетаи, има докази и во текот на оваа постапка се изведени повеќе докази и искази на сведоци кои го потврдуваат ова.

– Во однос на оружјето, може да се заклучи од доказите дека се користени три автоматски пушки. Сепак, тоа што не се знае кој со кое оружје пукал, или не пукал, не е пречка за утврдување на нивната одговорност со оглед дека се работи за соизвршителство, изјави Фетаи.

За обвинетиот Хаки Азири, нагласи Фетаи, постојат докази од моментот кога дознава за делото што го сториле Африм и Агим Исмаиловиќ.

– За потсетување Хаки Азири има дадено повеќе искази во текот на постапката. Во своите искази самиот се самооптоварува и го посочува моментот кога токму во неговата кола на обиколницата влегле обвинетите за да ги однесе дома. На исто ниво, е и исказот и деталите за неговите и дејствијата на другите, изјави Фетаи.

Завршните зборови на обвинителството за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, во Основниот кривичен суд во Скопје продолжуваат по пауза од половина час.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе