Епидемиолошката состојба е стабилна

Филипче: Ако продолжи овој тренд во август или септември ќе прогласиме крај на епидемијата

Сегашната епидемиолошка состојба во државата е стабилна, само мал број пациенти се лекуваат во болниците и ако продолжи овој тренд би можело да се случи во август или на почетокот на септември оваа година да се прогласи крај на епидемијата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на трибината на тема „Вакцинација и предизвици со COVID-19“, на која заедно со д-р Александра Грозданова, д-р Драган Даниловски и  д-р Александар Петличковски дискутираа за актуелните теми поврзани со сегашната епидемиолошка ситуација, во врска со некои аспекти во однос на вирусот, особено за актуелната варијанта на делта вирусот, за болничките капацитети, како и за имунизацијата и нејзиното спроведување.

– Нашите капацитети се сега спремни. Сега точно знаеме кој систем ако се случи некакво влошување ќе го активираме во делот на ротација на лекарите, на медицинските сестри, имаме сосема доволна количина во резерва – брзи антигенски тестови, добри надградени капацитети, сè она што го работевме целиот овој период на лабораториите и на Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје, доволно количина на лекови оние коишто ги обезбедивме со помош на фондациите и со помош на проектот на Светската банка, така што во делот на болничките капацитети сме целосно спремни  доколку се случи нов бран и можеме прилично брзо да интервенираме, истакна министерот во своето обраќање.

Тој информираше дека денеска се дадени термини на 14 илјади граѓани, а од утре почнува дистрибуција на вакцините на Sinovac во сите центри за имунизација и во центрите за масовна вакцинација, односно спортските сали и здравствените домови. Министерот посочи дека со ова се спремни за една динамика на давање прва доза на вакцина од 10 до 15 илјади вакцини на ден, како и дека од 15 или 20 јули е предвидена да започне теренската вакцинација.

– Во однос на очекувањата следните месеци, во повеќе земји во Европа и во светот гледаме различни сценарија. Некои земји се соочуваат со нов силен бран на таканаречениот индиски сој – делта варијантата на вирусот. Тоа е вирус којшто има двојна мутација. Се смета дека е поконтаниозен од овој досега присутен, алфа варијанта, а тоа е британскиот сој на вирусот или дури и една детектирана делта плус варијанта ми се чини со некои карактеристики на јужноафриканскиот сој, а тоа беше бета вирусот, посочи министерот за здравство.

Филипче истакна дека за да се прогласи крај на епидемијата во државата потребно е да нема нови дијагностицирани случаи два репродуктивни циклуси од 14 дена, а предвидувањата покажуваат дека ако продолжи овој тренд тоа би можело да се случи во август или на почетокот на септември оваа година.

Тој додаде дека сè уште нема точни податоци, но сепак има примери за тоа дека вакцинираните имаат полесна форма на вирусот, како и дека сè уште не постојат официјални ставови околу тоа дали треба да се прими трета доза од која било вакцина против COVID-19. 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе