Филипче: Да не се напуштаат домовите по 18 часот

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека една од препораките кои се донесени денеска на владина седница со цел да се спречи формирање на групи граѓани и ширење на коронавирусот е да не се напуштаат домовите по 18 часот без особена потреба.

„Досегашната препорака беше да не се напуштаат домовите по 21 часот, но сега со скратување на работата на угостителските објекти, се намалува препораката за по 18 часот“, истакна тој.

Состојбата со короната е стабилна, но и натаму е многу критична со оглед на бројот на заболени и хоспитализирани. Слободни кревети има во континуитет, а факторот на преносливост е под еден по извесен период. Но, тоа не треба да не опушти и не смееме да си дозволиме еден поинаков пристап доведе до влошување на ситуацијата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Меѓу мерките се: скратување на работно време на угостителски објекти, забрана за новогодишни настани на плоштади од страна на општините, забрана за новогодишни или предновогодишни забави од работни организации, укажување на верските заедници да не повикуваат на масовни групирања и собири за верските празници и препорака да нема собирање по домови ниту пак во викендиците во викенд населбите, по примерот на тоа што го препорачавме на почетокот на кризата, и уште еден апел, тоа што беше на сила по 21 часот да не се излегува од дома по 18 часот за да се избегнат ризици од формирање групи на граѓани“, рече Филишче.

Препораките да не се организираат прослави и забави остануваат на совеста на граѓаните, рече Филипче, бидејќи нема друг механизам да се забрани групирање во домовите и тоа да се контролира, со оглед дека интегритетот на домот е загарантиран со устав, истакна министерот за здравство.

На денешната прес-конференција тој информираше дека во фаза на поставување се и модуларните болници. Во Гевгелија веќе е завршена инсталацијата, а следува поставувањето во Штип, Битола, Струга, Кичево, Струмица.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе