Филипче: Децата во градинка и во училиште треба да се примаат само вакцинирани

Скопје, 27 декември 2018 (МИА) – Дури 50 проценти од децата родени во 2017 година не се вакцинирани со МРП вакцината. Процентот на невакцинирани деца понатаму опаѓа и во 2016 година изнесува 30 проценти.

Но, тоа е сериозно висок процент невакцинирани деца. Категорично и енергично ќе стоиме на ставот дека децата во градинка и во училиште треба да се примаат само вакцинирани, бидејќи никој нема право да го загрозува здравјето на останатите деца и да влијае на сите фактори кои влијаат на јавното здравје, заради тоа што децата се нашата иднина, а ние сакаме здрави деца.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сериозно високиот процент невакцинирани деца е резултат на силно изразените антивакцинални кампањи.

„Во прво одделение околу 20 проценти од децата не се вакцинирани, што исто така сериозно не загрижува заради тоа што примовакцината која се прима прва на најмала возраст е таа која го создава вистинскиот имунитет. Веќе преземавме мерки и во рамки на тоа како сега е структуриран системот се упатува повик до сите родители чии деца не се вакцинирани“, нагласи Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на која потпиша Меморандум за соработка со израелскиот амбасадор Дан Оријан и со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Депотовски, за зајакнување на здравствениот систем.

Министерот Филипче додаде дека мултисекторската група со членови од министерствата за здравство, труд и социјална политика и за образование заседаваше вчера и ќе продолжи да заседава до крајот на неделата, за усогласување на сите закони и правилници во врска со тоа прашање.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе