Филипче: Граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита

Во земјава се смирува епидемиолошката состојба со COVID-19 и не е детектирана друга форма на вирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи во пресрет на велигденските празници граѓаните да бидат совесни и да ги почитуваат мерките.

Тоа што сега се случува, истакна министерот, оди во насока на смирување на епидемиолошката ситуација, а можност за прекршување на мерките и препораките имаше и досега има и од сега натаму. Значи тие посети во верски објекти, масовни собирања и тогаш кога не се дозволени во насока на прекршување се секогаш можни и секогаш од таму потекнуваат сите проблеми, во смисла на појава на мини кластери. Мора сите да сме свесни и со сопствeн пример, имајќи ја предвид сопствената одговорност, да постапиме така како што треба во рамки на ова што сега значи живот со мерки, препораки, превенција итн., изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по донацијата од Словачка на Клиниката за детски болести во Скопје. 

Според него, граѓаните мора да се свесни што треба да се прави, што не треба да се прави, како самите ќе придонесат за и понатаму епидемијата да спласнува, односно бројките да се намалуваат.

– Верските храмови се отворени, џамиите и црквите, и сега секојдневно ако има било какви служби итн. луѓето коишто не се придрждуваат до превентивнтие мерки и не водат сметка за заштита на сопственното здравје, се изложени на ризик. Не може секогаш Владата да каже и да бираме помеѓу тешки рестрикции или целосно отворање или нешто помеѓу, а граѓаните да не се вклучат самите со своите постапки и со сопствената одговорност. И тоа е суштината, дека треба да функционираме и да живееме, рече Филипче. 

Министерот за здравство потсети на учеството и на верските лидери на неколку заеднички состаноци и апелот верниците да се придржуваат до мерките или сѐ што значи заштита на здравјето на граѓаните. 

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека освен британската кај нас не е детектирана друга мутација на вирусот.

– Меѓутоа, ако нешто е проширено веќе во европските земји и нема таму помеѓу тие европски земји никакви промени, тоа многу тешко ќе може да се спречи. И тука доаѓа во прв план одговорноста на граѓаните, каква и да е мутацијата, колку и да е пренослив тој сој на вирусот. Во таа смисла нема детектирано кај нас друга форма, освен британска, а тоа го покажуваат и последните анализи, на неколку недели ги прават анализите на геномот во двете лаборатории. Така што остануваме на сегашните мерки, рече Филипче.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе