Филипче: Граѓаните да се пријават на vakcinacija.mk, тоа е најсоодветниот и најбрз начин

Граѓаните треба да се пријават на сајтот vakcinacija.mk и оттука се генерираат приоритетите. Ќе добијат или СМС порака или меил или двете во форма на известување и согласно тоа ќе бидат закажани во соодветен пункт во соодветно време, изјави министерот за здравство Венко Филипче, откако денеска пристигнаа 200.000 вакцини Sinopharm со кои од по празниците треба да стартува масовна имунизација.

Тој апелира граѓаните да се пријават на vakcinacija.mk, истакнувајќи дека тоа е најсоодветниот и најбрз начин за пријавување. Сега, како што рече, има поголема количина на вакцини и повеќе пунктови на располагање, а дневно ќе се вакцинираат од 10 илјади до 15 илјади лица. 

За месецов најави уште 600.000 вакцини од Кина, односно околу 500.000 дози Sinovac и 100.000 дополнителни дози Sinopharm, како и 26.000 дози од Pfizer. Сѐ уште нема точен термин за тоа кога и колкава количина ќе стигнат од руските вакцини, а станува се понеизвесно пристигнувањето на вакцините на AstraZeneca имајќи ја предвид состојбата со вирусот во Индија.

Доколку не стасаат вакцините на AstraZeneca до термините за ревакцинација на нашите државјани кои со оваа вакцина се вакцинираа во Србија, со српските здравстевни власти е разговарано и тие вакцини од Србија да ги донесат кај нас и тука да се спроведе ревакцинацијата.

– Зборуваме за граѓаните над 60 години кои треба да се ревакцинираат после 12 недели од првата доза. За останатите возрасни групи граѓани ги следиме препораките на некои од европските земји. Германија на пример препорачува ревакцинација со друга вакцина, нашите стручни лица од Националниот комитет ги следат препораките и ќе излеземе и ние со соодветни препораки, изјави Филипче. 

Вакцините Sinopharm најдоцна во понеделник ќе бидат дистрибуирани во сите вакцинални пунктови за масовна вакцинација ширум државата, во Скопје во салата „Борис Трајковски“, како и во Куманово, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, исто така во спортските сали, според распоредот на веќе пријавени граѓани. Пунктови во спортски сали ќе се отворат и во Велес и Прилеп.

Во градовите кај што има спортска сала како пункт за масовна вакцинација следната недела ќе работи и салата и пунктот во здравствениот дом согласно распоредот којшто е веќе даден за постарите граѓани.

– Следната недела во градовите кај што има и сала и пункт во здравствен дом ќе функционираат двата пункта. Ќе видиме како тој систем ќе се одвива и доколку видиме дека може да се сконцентрира сѐ на едно место тогаш ќе останат да функционираат само спортските сали, односно пунктовите за масовна вакцинација. Сите граѓани од целиот тој регион околу тие пунктови ќе може да дојдат, така ќе бидат и закажувани. И за Велес и за Прилеп во втората половина на мај ќе се отворат пунктови во спортски сали.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе