Филипче: Ја чекаме дефинитивната листа на патници, има разлика дали се наши или државјани на Косово

Детално ја проверивме листата на патници која ја добивме од аеродромските служби. Ниту еден од патниците кој бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација заради позитивен корона тест. После контактот, кој нашето МНР го направи со Амбасадата во Стокхолм, која ја покрива и Финска, сега ја чекаме листата со имиња на 24 патници кај кои било констатирано присуство на вирусот, заради тоа што во авионот имало и државјани на Косово кои во нашата земја може да транзитираат без тест и нема само тие државјани, туку кои било други.

Ова поладнево за Канал 5 телевизија го изјави министерот за здравство Венко Филипче. Министерството за здравство денеска соопшти дека повеќето од 157-те патници кои со авион од Скопје во саботата пристигнаа во финскиот град Турку, од кои 24 биле позитивни на COVID-19, се државјани на Косово и на Финска, а само двајца се македонски граѓани.

Филипче посочи дека ова е еден мотив повеќе на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести да дискутираат дали евентално и за граѓаните од соседните земји кои транзитираат треба да бараат PCR тестови.

На прашање како тие лица се качиле во авионот, какви се процедурите и колку се почитуваат рече дека доколку некој има решение за изолација, а во овој случај немало тогаш одговорно е МВР да се спроведува таа контрола.

– Меѓутоа тоа не е очигледно сценарио. Не знаеме сѐ уште доволно податоци, прво дали се наши и фински државјани со двојно државјанство граѓани или станува збор за државјани на Косово. Кога ќе ги имаме овие информации се надевам во текот на денот можеме да ја имаме и целосната слика за тоа што се случило, истакна Филипче.

Во врска со тоа каква е процедурата за лица кои транзитираат низ државава истакна дека секој може да транзитира има ограничен број часови за влез и излез од земјава и за тоа засега не е потребен PCR тест. На утрешниот состанок, потенцира, ќе го дискутираме ова прашање.

На прашање дали има ли процедура за летовите, како може да седат патниците во одреден авион и дали тој смее да полета со полн капацитет, односно исполнет со патници или треба да се почитува одредена дистанца, рече дека тоа е политика на авиокомпаниите, Филиче рече дека носеле протоколи за нашите локални превозници, автобуси, возови итн., меѓутоа каков е распоредот, колку е пополнет капацитетот е политика на самите авиокомпании.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе