Филипче: Мал е бројот на случаи во градинките, обично вирусот го носат од надвор

Има многу мал број случаи на COVID-19 во градинките, а тоа се обично случаи што го носат вирусот од надвор, информира министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Поликлиниката Букурешт присуствуваше на предавање на воено санитетски возила од Армијата на времено користење на јавното здравство со цел да се помогне во справувањето со пандемијата и грижата за населението.

Според него, и светските исксуства се такви, односно многу е мал бројот на деца кои заболуваат и затоа, потсети, беше и препораката градинките да се отворат.

– И тогаш и сега анализите покажуваат дека многу мал број деца се практично заболени. Мислам дека беше одлична препорачаната стратегија да се отворат градинките и делумно училиштата, изјави министерот Филипче. 

За денеска во 14 часот е закажан состанок на Комисијата за заразни болести на кој ќе се разговара за можните дополнителни рестриктивни мерки.

Филипче смета дека засега нема потреба од дополнителни рестрикции како полициски час. Во следните недели очекува резултати да дадат рестриктивните мерки кои сега се на сила, иако, како што денеска изјави, подготвени се да предложат дополнителни рестрикции доколку има потреба од тоа.

Евентуално би можело да се предложи целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд.

– После утринската координација што ја имавме, сè уште сметаме дека ова не треба да се препорачува, но ја следиме епидемиолошката ситуација и ќе носиме одлуки доколку треба да се донесат вакви препораки или мерки, нагласи Филипче.

Не стравува дека со воведувањето на полициски час во соседните држави, би можело во земјава да се појават импортирани случаи однадвор.

– Тоа што имаат некои соседни земји карантин, значи целосна ограничување на движењето. Впрочем и сега границите се отворени. Тоа беше заеднички договороено согласно претходната анализа на стручната група во рамки на заедничката работна група која заклучи дека нема ризик од импортирани случаи заради тоа што во секоја од земјите во регионот главен ризик е локалната трансмисија, рече Филипче.

Во однос на доцното објавување на извештаите за новозаразени, Филипче рече тоа е така поради огромна бројка на резултати што пристигнува за извршени тестирања и проверките што се прават со цел да се дадат точни податоци. 

реклама

Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more
 

Вести

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе