Филипче: Начинот на пренесување на COVID-19 во земјава е преку близок респираторен контакт

Начинот на трансмисија на коронавирусот во целиот изминат период е со близок респираторен контакт во рамки на еден кластер и поединци. И тоа ја детерминира сликата што веќе еден подолг временски период е присутна во нашата земја, изјави министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали е познат начинот на кој се заразиле заболените.

– Повеќе настани, повеќе семејни настани во меѓувреме се случија од каде што излегоа нови пациенти, меѓутоа во основа е истиот механизам на таков респираторен близок контакт, за жал непочитувајќи ги мерките кои се сега во сила, рече Филипче.

Во однос на информациите дека не е почитувана епидемиолошката анкета за одредени блиски лица на заразените, Филипче истакна дека нема измени во протоколот и алгоритмот и тој насекаде е ист.

– Ако е констатирано дека се контакти тогаш влегле во прашалникот што го пополнува заболеното лице, врз основа на податоците што ги дава на епидемиологот, заради тоа што епидемиологот прашува кои се најблиските контакти и најблиските луѓе во непосредното опкружување, колку време во денот ги поминуваат со тие контакти и колку последователни денови, и врз основа на тоа се цени ризикот што притоа може да биде мал, може да биде среден или голем ризик. Врз основа на одредување на тој ризик се даваат и натамошни насоки дали ќе има домашна изолација, со соодветни препораки, рече Филипче.

Повтори дека - во принцип тестирање не се прави во првите 14 дена, поради тоа што тоа е период во кој може да се развијат симптомите и можно е резултатот да биде лажно негативен и луѓето притоа да не ги почитуваат мерките за изолација.

Министерот нагласи дека поради тоа се пристапува секогаш согласно еден ист прашалник и алгоритам што го пополнува заболеното лице, под контрола на епидемиологот од соодветниот центар за јавно здравје.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Македонија

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Read more

Променливо време со температури до 26°C

Read more

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Read more

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе