Филипче: Од следната недела ќе биде достапен нашиот грин пас

Тешко е сега да се каже каква ќе биде политиката на земјите-членки на Европската Унија или на секоја од земјите поединечно во рамки на ЕУ, надвор од Унијата во Европа или ширум светот за патување во услови на ковид-криза. Имаме некои најави и информации, но некои од ставовите на земјите се менуваат, оцени денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Во секој случај нашиот грин пас ќе биде спремен од почетокот на следната недела. Тоа е пас кој електронски преку QR код и апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон ќе содржи простор за три податоци – податок за вакцина, односно ревакцина и типот на вкацината, ПЦР тестирањето кое секогаш ќе може да се надгради со секое следно ПЦР тестирање, и податок за соодветна количина на детектирани антитела како доказ за прележана болест, рече Филипче во одговор на прашање по примопредавањето на германската донација од 72.000 брзи антигенски ковид тестови.

Нагласи дека граѓаните ќе можат преку матичните лекари QR кодот да го данлодираат во својата апликација.

За македонските граѓани кои се вакцинирале во некоја од соседните земји  рече дека ќе треба да извадат потврда за вакцинираност таму, бидејќи, како што кажа, во документот мора да се внесе серијата на вакцината со која се вакцинирани.

Нагласи дека македонскиот став е дека граѓаните може да се вакцинираат еден месец после прележан COVID-19 и да се примат две дози од која било вакцина. Ревакцинацијата, како што рече, за сите вакцини е по три недели, а за AstraZeneca по 12 недели. Повтори дека на граѓаните под 60 годишна возраст нема да се дава вакцината на AstraZeneca.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе