Филипче побара младите да се воздржуваат од собири како забавата во кафуле во Аеродром

Министерот за здравство Венко Филипче го осуди собирањето во кафуле во општина Аеродром, при кое, како што рече, биле прекршени апсолутно сите препораки и протоколи.

– Прекршени се апсолутно сите принципи на превенција на болеста, го гледав видеото, не се почитуваше ниту задолжителната дистанца, ниту носењето маски. Ние бевме сведоци и сѐ уште сме дека таму каде што има прекршување на овие протоколи за функционирање всушност се пренесува вирусот и настануваат мини кластери. Добро е што веднаш реагираа соодветните институции, рече Филипче во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

За разлика од некој период претходно, според Филипче, сега и инспекторатите и сите други институции кои треба да вршат контрола го прават тоа многу поагилно и поажурно.

– Не можеме ние како здравствени работници сами во оваа борба. Мора граѓаните да се свесни дека се исклучително важна алка во целиот тој синџир. Сфаќам дека е тешко, апсолутно, ова е практично нов начин на живот на функционирање. Не е само кај нас, тоа е насекаде во светот – се промени секојдневието, начинот на функционирањето, на патувањето, социјализацијата, целокупно е променет целокупниот тој процес во однос на тоа што беше нормален живот и функционирање претходно посебно кај нас, посебно во земјите кои го имаат истиот темперамент како нашите луѓе, нашиот менталитет итн. Посебно апелирам до младите луѓе. Мора да се воздржат од такви собири. Јас знам дека сакаат да се дружат, знам дека сакаат да одат и во училиште. Всушност, еден дел од младите луѓе и ни упатија таква директна порака и имавме и добри средби со претставниците на средношколците на кои укажавме кои се медицинските епидемиолошки причини, зошто не треба повеќе млади луѓе да бидат концентрирани на едно место, посебно во затворена просторија сега во овој период, потенцира министерот за здравство.

Оваа ситуација, порача, нема да трае вечно, веројатно до наоѓањето на вакцината, ќе се сменат работите. Но, пред нас, рече, е една есен во која има многу ризици и апелирам сите да се придржуваат до превентивните мерки.

Во оваа ситуација, според Филипче, може да успееме само ако сме сите вклучени – здравствените работници на страна на заштита и лекување на пациентите, граѓаните со своите постапки со почитување на превентивните мерки и секако другите институции кои мора да вршат контрола и таму каде има прекршување апсолутно санкција за сите кои тоа го чинат. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе