Филипче: Пописот и изборите нема да бидат проблематични ако се почитуваат протоколите

Епидемиолошката состојба ќе биде основа какви мерки ќе има во наредните месеци кога ќе има попис и локални избори, но, ако се почитуваат протоколите нема да има проблеми, оцени министерот за здравство Венко Филипче од Тетово на новинарско прашање дали ќе има промени во мерките и поради овие два процеси.

-Ние минатата година дадовме препораки да нема големи митинзи и немаше и тоа што е битно е тоа што сите и политичките партии треба да знаат дека има препораки за тоа како собирите се организираат. И сега има општи препораки за организирање собири или настани на отворено или на затворено – колкав треба да е капацитетот зафатен од вкупниот капацитет на располагање, дистанците коишто треба да се држат и во рамките на одржувањето на настаните во рамките на протоколите ние не гледаме проблем. Значи, проблем има секогаш кога протоколите не се почитуваат, истакна министерот.

Тој потенцира дека болниците во другите градови низ државата за разлика од Тетово и Гостивар не се преполни.  Го поврзува тоа со повисокиот опфат на вакцинација и се надева дека така ќе остане.

-Да, има случаи на заболени со Ковид после вакцинација, а претходно кои прележале и се исклучително малку. И тука знаете за оваа болест сè уште медицината не дала одговори на сè. Веројатно ќе помине подолго време да се види зошто е тоа карактеристика на имуниот одговор, зошто има пациенти коишто имаат лесна форма на болест – некои средна, некои тешка, некои за жал умираат се лекуваат по истите критериуми како и тие коишто се спасиле, а имале тешка форма на болест и сите овие сценарија коишто ги имаме кај вакцинираните. Значи, сè уште многу аспекти во однос на предизвикувачот во однос на болеста се непознати. Меѓутоа, тоа што се знае е дека вакцината сигурно за 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. И сега кога гледате во болниците околу 85 проценти се невакцинирани и затоа е повикот, акцентот сега не само кај нас, туку насекаде во светот да се заштитиме со вакцинација, рече Филипче.

По најавените нови пунктови за вакцинација во Тетовско Филипче потенцира дека сега се менаџира тоа поради почетокот на школската година.

-Добар дел од здравствениот кадар беа на годишни одмори па ние некаде ги прекинавме годишните одмори, некаде и доброволно се вратија тие коишто не беа заминати од земјава на работа за да се отворат дополнителни пунктови. По тој механизам се отвори и пунктот во салата „Борис Трајковски“ вчера во Скопје.

Во Тетово Филипче беше на средба со Теута Арифи каде ја соопшти одлуката на Кризниот штаб дека првите две недели ќе се почне со онлајн настава во средните училишта во полошкиот регион. 

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе