за тоа ќе се разговара следната недела

Филипче: Рано е да се тргнат маските на отворено

Министерот за здравство вели дека сè уште е рано да се тргне препораката за носење маски на отворено и најави дека за тоа ќе се разговара на почетокот на следната недела на состанок на Комисијата за заразни болести.

-Засега не. На состанокот што ќе се одржи во понеделник таа тема што ја инициравме на почетокот на оваа недела ќе продолжи. Да ги видиме сознанијата, ставовивте на повеќе други земји, да согледаме каква е ситуацијата кај нас. Еве реално е дека многу граѓани навистина и во парковите не се придржуваат до таа мерка. Лично сметам дека е рано сè уште. Сепак е потребен поголем опфат со вакцинација, меѓутоа во исто време треба мерката да има логика, топло време итн, изјави министерот Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека прво треба да се тргне препораката за носење маски на отворено, па евентуално да се размислува за тоа вакцинираните со две дози да не носат маски на затворено. Притоа рече, треба да се слуша ставот на експертите.

-Мислам дека тоа би можело да следи, ама не можам да кажам кога точно временски би било како препорака, прво да се тргне обврската за носење маски на отворено, односно да важи само тогаш кога има групирање на луѓето и да се прфатат барањата на угостителите, има логика да се зголеми бројот на гости  на масите. Меѓутоа сè уште сметам дека е рано да се препорача тргање на маските на затворено. Лично сметам, ќе го слушенме ставот на експертите епдиемиолози и останатите во КЗБ, други кои не се членови на Комисијата дека таа препорака треба да остане и понатаму, рече министерот за здравство Венко Филипче. 

Тој прашан за тоа кој е доминантен сој на коронавирусот во земјава истакна дека тоа е британскиот, иако, како што истакна имало и случаи на други соеви, но тие биле изолирани.

-Дефинитивно доминантен е британскиот сој на вирус. Очигледно е дека има други поединечни случаи, заради тоа што имаше детекција на јужноафрикански сој кај граѓанин од Делчево кој бил заразен во месец март. Тој бил човек патувал и во западноевропски земји, бил возач на камион. Но, тоа ни укажува дека поединечните случаи од очигледно други вируси што биле присутни, сепак се само поединечни и нема тенденција некој сој на вирсуот значајно да предоминира над британскиот. За да предоминира некој сој како што британскиот збриша се претходно кога се појави, треба да биде многу полесно пренослив од тој што е актуелен. Очигледно е нема таква тенденција, рече министерот за здравство.

Според него, сознанијата од сите анализи и досега се дека ниту јужноафриканскиот сој, ниту бразилскиот, по карактеристика не можат да го надминат да доминира над британскиот сој. Тоа, вели, ни дава за право да мислиме и да веруваме дека дефинитивно овој бран стивна без разлика што очигледно има поединечни заболени од друг сој на вирусот. 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе