Филипче: Со вакцинацијата почнува последната фаза во битката со пандемијата

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) – Утрешниот старт на вакцинацијата против COVID-19 во земјата е всушност почеток на последната фаза во борбата со пандемијата, истакна министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на телевизијата Сител.

– Се подготвувавме согласно сите препораки, од сите соодветни здравствени меѓународни институции, СЗО, производителите. Така го димензиониравме нашиот систем. Едноставно, го надградивме постоечкиот систем на имунизација. Низ неколку фази на едукација целосно се едуцирани, тренирани докторите и медицинските сестри коишто ќе работат на вакцинацијата. Целосно е поставена инфраструктурата и подготвени се пунктовите, истакна Филипче, потенцирајќи дека и СЗО ја препозна нашата земја како најподготвена за процесот на имунизација, согласно прашалникот кој го пополнуваа сите земји од Европа и пошироко.

Филипче истакна дека, и покрај огромното искуство за имунизација со други вакцини, станува збор за специфичен процес.

– Требаше да се подготват вакциналните пунктови. Сепак се тоа места каде вообичаено доаѓаат деца, што значи требаше да се направи реорганизација. Фрижидерите не се само нешто што треба да се постави, има точно време колку вакцините треба и можат да стојат во нив, колку време стојат надвор, како се раствораат и друго. Сето ова е еден комплексен процес, со препораки коишто мора стриктно да се следат. Сепак ова е нова работа, нов систем кој се случува насекаде во светот, изјави Филипче.

Тој потенцира дека вакцинацијата почнува со здравствените работници кои работеле и работат со ковид-пациенти. Први ќе бидат вакцинирани здравствените работници од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Градската општа болница „8 Септември“, болницата во Козле и клиниките во состав на интерните клиники кои хоспитализираа пациенти. Од следната неделаќе почне и вакцинацијата на медицинските лица во болниците ширум државата, како и од приватните болници.

– Ние за 10-тина дена се чини дека ќе бидеме една од ретките земји во Европа во која ќе бидат вакцинирани сите здравствени работници коишто работат со ковид-пациенти, согласно нашиот план, потенцираше Филипче.

Министерот истакна дека по пристигнување на вакцините, има административни процедури кои мора да се завршат. Кога се прима вакцината се анализираат документите, сертификатите кои доаѓаат од производителот, контролата на квалитет и тоа е една стандардна процедура која кај нас се одвива, а во која учествува царинската управа, агенцијата за лекови, службата за имунизација при министерството за здравство, експерти од фармацевтскиот факултет.

Филипче информираше дека во текот на следната недела се очекува да пристигнат и другите дози на вакцини од Србија, а според последните информации од производителот, поради тамошните празници до крај на месецов во земјава треба да пристигнат и кинеските вакцини. Согласно планот, дневно ќе се вакцинираат помеѓу два и четири илјади лица.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе