Финансиски хороскоп за април: Три знаци во добивка, останатите да внимаваат на трошоци

Пролетта за некого ќе донесе финансиски добивки, за некого големи трошоци. Каква ќе ви биде среќата кога се во прашање парите и кои ќе ви бидат најдобрите периоди за нив?

Oвен

Најдобриот период за пари е околу 14-ти април, кога Венера влегува во вашиот сектор на финансии и можете да очекувате пријатно изненадување. Потоа, на 26-ти април, полната Месечина во Скорпија носи голема загуба. Иако не сте баш познати по трпението за пари, овој месец ќе бидете во плус и сте првиот знак кој ќе се „бања” во пари. Ќе имате можност за купување на нешто што би ве направило среќни, а можно е и да барате подобар стан.

Бик

Првата половина на април ќе биде поволна за пари, но потоа внимавајте бидејќи ќе бидете расеани и можно е да „фрлате” пари. Ви следи купување на нешто кое навистина не ви е потребно и можно е да зажалите поради тоа. Од 19-ти април ќе бидете во повеќе хармонија со вашите чувства и финансиската ситуација и дури тогаш пристигнува добивката, а вие сте вториот знак кој ќе ужива во неа.

Близнаци

Марс влегува во Рак на 23-ти април, но за вас целиот овој месец ќе биде во трошоци. Ќе бидете расположени за трошење на подароци за драги луѓе, партнерот, пријателите и семејството. Тие ќе бидат воодушевени, а вие нема да бидете сигурни дали ќе ви останат пари за сметки на крајот од месецот. Искористете го овој период да заработите дополнителни средства или да продадете нешто што не ви треба.

Рак

Работите повеќе, па ќе имате и повеќе пари во април. Конечно сте подготвени да се откажете од нешто што ви „цицало” пари во животот, а тоа ќе се случи по младата Месечина. Од 19-ти април е одличен период да побарате покачување, а крајот на месецот ќе донесе пријатно изненадување поврзано со пари.

Лав

Во април одеднаш ќе видите сè што сакате. Доаѓаат промени на вашиот имиџ, а со нив и трошоци за убавина и изглед. Пролетта во вас буди чувство дека сте милионер кој може да си дозволи сè. Во втората половина на месецот ќе имате добри прилики за добивка, а 19-ти април е моментот кога би требало да побарате покачување или да конкурирате за подобра работа за да добиете уште повеќе пари.

Девица

До 14-ти април ќе се занимавате со пресметки како да ги покриете сите трошоци, како да направите комбинациии за да ви стигнат за сè. После првата половина на месецот, ќе бидете горди на своите вештини и ќе бидете подготвени за поголема инвестиција. Очекувајте зголемени трошоци за одржување на вашиот дом или автомобил на крајот од месецот.

Вага

Доколку сте во врска, месецот ќе ви го одбележат заедничките трошоци. Внимавајте, бидејќи партнерот ќе има барања кога се финансиите во прашање, но можно е и познаник да се обиде да ви изнуди позајмица, но не паѓајте на таа приказна. Полната Месечина на 26-ти април ќе ви донесе неочекувана добивка, а вие сте третиот знак кој ќе ужива во неа.

Скорпија

Почетокот на месецот нема да ви биде забавен кога се парите во прашање, веројатно целиот месец ќе го поминете во пресметки. Кога Марс ќе се сретне со Јупитер на 17-ти април, сето ова ќе се смени и вашата финансиска состојба ќе се промени на подобро. 

Стрелец

Во претходните три месеци бевте одлични во контролирањето на вашите финансии, па затоа април ќе биде изненадување за вас. Марс во Рак од 23-ти април ќе ви донесе проблеми, па одеднаш ќе немате доволно пари. Но, не се грижете, овој проблем ќе биде решен ако бидете прибрани и трпеливи.

Јарец

Одлично ги водевте своите финансии во март и од 11-ти април ќе имате прилика да трошите на нешто што сте сакале од претходно. Почастете се себе или блиските, ѕвездите велат дека ќе може да си го дозволите тоа. Но, од 19.ти април кога почнува периодот на Бикот, ќе мора да бидете повнимателни со парите, бидејќи можни се загуби.

Водолија

Полната Месечина во Скорпија од 26-ти април носи големи промени во вашата кариера. Промените ќе бидат добри, а можна е и неочекувана понуда за одлично платена работа која треба да ја прифатите.

Риби

Младата Месечина во вас ја буди желбата сите финансиски проблеми да ги оставите зад себе и храбро да тргнете кон таа цел. Новиот почеток значи да се ослободите од долговите од претходниот период. Некој или нешто ве чини многу, а малку не ви носи. Размислете за што станува збор и ослободете се од тој проблем. Највеќе трошоци ќе имате помеѓу 16-ти и 17-ти април.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе