Фрази кои на работното место испраќаат негативна порака

Комуникацијата е од суштинска важност за успех на работа, а тука често правиме мали и големи грешки. Комуникацијата на работа има свои правила, по природа е конзервативна, но смислата на нашите пораки мора секогаш да биде јасна.

Затоа внимателно морате да употребувате изрази кои често ги користите. А, психолозите сметаат дека доколку користите фраза како „Жал ми е што така се чувствувате“ испраќате сосема погрешна порака.

Прво, тоа воопшто не претставува извинување. Вие не можете да се извинувате за тоа како некој друг се чувствува. Може да ви биде жал само поради вашето однесување и работите кои вие ги контролирате. Не можете да контролирате како другата личност ќе се чувствува, па затоа и немојте поради тоа да се извинувате.

Второ, многу поважна е скриената смисла на вашите пораки, која би можела да гласи и вака: „Видете, не знам зошто сте толку ирационални поради ова. Тоа не е моја вина и безмислено е мене да ми се лутите“. Дури и доколку тоа навистина не го мислите, во најголем број случаи вашата реченица ќе звучи токму така.

Трето, со зборовите дека ви е „жал што така се чувствува“, вие всушност избегнувате било каква одговорност за новонастанатата ситуација. Наместо тоа, ако сметате дека некаде сте погрешиле, кажете го тоа. На пример: „Многу ми е жал што не успеавме да го направиме она што го ветивме“...

Четврто, кога работите со луѓе, често ќе се случува вие да не сте одговорни за некој пропуст, но решавањето на проблемот да е во ваша надлежност. Во тој случај наместо извинување понудете решение: „Гледам дека сте многу фрустрирани. Ќе видам што можам да направам за да го решиме тоа“.

На крајот, поентата е во тоа на другата личност да ѝ покажете дека сте ја сфатиле и дека сте на „нејзина страна“. Ќе се изненадите колку таквиот став може да ви помогне во комуникацијата на работа.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе