Фудбалер нокаутиран на романското дерби
Дербито помеѓу лутите градски ривали Динамо и Стеауа мина во сенка на инцидентот кој се случи кога домашен играч беше нокаутиран, изгуби свест и со возило беше пренесен во болница.
Се играше 44. минута кога при обид да игра со глава српскиот напаѓач Славко Перовиќ во лицето ја доби ногата на гостинскиот играч Јулијан Кристеа. Веднаш падна како покосен, изгуби свест, а на крајот заврши во болница без неколку заби. На невнимателниот Кристеа му беше покажан директен црвен картон.
Букурешкото дерби заврши со победа на Динамо од 2:1.