Како ретко кога три вистински дерби натпревари и тоа од различни држави се поклопуваат во иста вечер, па фудбалските фанатици ќе бидат на слатки маки што да одлучат да гледаат.
Интер - Јувентус
Веројатно натпреварот број еден вечерва е битката на италијанските титани. Нивниот натпревар има најголема тежина бидејќи е борба за пехар, односно оној што ќе победи вечерва ќе го освои италијанскиот Суперкуп.
Јувентус влегува како освојувач на Копа Италија и ќе ја брка јубилејната 10-та Суперкуп титула. Интересно, за „Старата дама“ ова е и десетто последователно учество во ова натпреварување. Од друга страна, Интер ја брка својата шеста титула, а за овој пехар сонува од 2010 година кога последен пат го освои. Се квалификува како освојуват на Серија А.
Симоне Инѕаги нема проблеми со составот, а се очекува враќање на Един Џеко во првите единаесет. Масимилиано Алегри не може да смета на Арон Ремси поради ковид, сезоната за Федерико Кјеза заврши, додека Леонардо Бонучи и Данилу не се доволни фит и ќе бидат на клупа. Се очекува помеќу стативите шанса да добие Матиа Перин.
Каде се игра?
- стадион „Џузепе Меаџа“, Милано
Кој ќе суди?
- Даниеле Довери
Каде да се гледа?
- Arena Sport Premium 1
Во колку часот?
- 21:00
Барселона - Реал Мадрид
И популарното Ел Класико игра Суперкуп, но во Шпанија е поинаку од Италија. Ова дерби всушност не е за пехар, туку е полуфинале, а победникот ќе оди потоа во финалето против победникот од второто полуфинале во кое утревечер ќе се сретнат Атлетико и Атлетик.
Чави дефинитивно не може да смета на Мартин Брејтвејт, Ерик Гарсиа, Сержи Роберто и Муса Ваге кои се повредени, додека Мариано Диас и Гарет Бејл не му се на располагање на Карло Анчелоти.
Каде се игра?
- стадион „Кинг Фахд“, Ријад (Саудиска Арабија)
Кој ќе суди?
- Хосе Луис Мунуера Монтеро
Каде да се гледа?
- Sport Klub 1
Во колку часот?
- 20:00
Тотенхем - Челси
Лондонските градски ривали го играат реванш полуфиналниот натпревар од англискиот Лига куп и го бараат патникот во големото финале. „Сините“ имаат предност од 2:0 од првиот натпревар и се во доста поповолна позиција за разлика од момците на Антонио Конте.
Италијанскиот стратег не може да смета на повредените Сон Хјон-мин и Кристиан Ромеро, а неизвесни се Стивен Берхвајн и Ерик Дајер.
Повеќе проблеми има Томас Тухел. Голманот Едуар Менди е со репрезентацијата на Сенегал на Африанскиот куп на нации, а повредени се Бен Чилвел, Рис Џејмс и Трево Чалоба, додека неизвесен е настапот на Н'Голо Канте и Тиагу Силва.
Каде се игра?
- стадион „Тотнем Хотспар“, Лондон
Кој ќе суди?
- Андре Маринер
Каде да се гледа?
- Arena Sport Premium 2
Во колку часот?
- 20:45