Футуристичката сцена за Оскарите исмеана на социјалните мрежи

Набргу по претставувањето на изгледот на футуристичката сценографија за претстојното 94-то доделување на Оскарите, корисниците на социјалните мрежи ја исмејаа поставката која содржи 90.000 кристали Сваровски и 5.000 линеарни стапки LED лента.

Кристали, вител и кругови го сочинуваат футуристичкиот изглед на сцената на Dolby Theatre каде ќе се одржи свеченото доделување на Оскарите, закажано за ноќта од недела кон понеделник, 27 март.

И покрај вештата конструкција на блескавата платформа создадена од сценскиот дизајнер и креативен директор Дејвид Коринс, корисниците на социјалните мрежи набрзина почнаа да критикуваат и да се шегуваат за футуристичкиот изглед на сцената.

Еден твитерџија ја спореди со атракција во забавен парк во Орландо, Флорида, а други се пожалија дека сликите од екранот им „се врти во главата“.

Многумина се пошегуваа дека сценографијата е преземена од некој научно-фантастичен филм како „Star Wars“.

Без оглед на сајбер впечатокот, Коринс - кој претходно ја постави сцената за Оскарите во 2019 година и дизајнираше сетови за ѕвезди како што се Канје Вест и Лејди Гага - вели дека неговиот авангарден сет за Оскарите треба да ѝ обезбеди на публиката увид во „постпандемскиот рај“.

„Создадовме портал што гледа кон иднината“, изјави Коринс за Architectural Digest откако ја нарече кризата на пандемијата на COVID-19 „неизбришливо, лудо, перверзно искуство“.

Тој понатаму рече дека неговата украсена орнаментика за Оскарите „се поврзува со неверојатно длабок и неверојатно напреден поглед на иднината“ и рече дека во иднина ќе тргуваме со валутата на елеганцијата и електричната енергија.

Блескавиот сет содржи над 90.000 кристали Сваровски кои ќе блескаат со сјај од 120.000 пиксели на LED светла и 5.000 линеарни стапки LED лента.

URL
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе