Гебрејесус: Масовната употреба на трета доза од вакцината е скандалозна

МИА/КАЈГАНА
/ 12.11.2021 / 19:17

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ја критикуваше масовната употреба на трета доза на вакцина против коронавирус во услови на ниско ниво на вакцинација во сиромашните земји.

За време на денешниот брифинг во Женева, тој го опиша како скандалозен фактот што дневниот број на испорачани засилувачки вакцини е шест пати поголем од бројот на луѓе кои примиле прва доза во земјите со ниски приходи.

– Секој ден во светот се даваат шест пати повеќе засилувачки дози, отколку први дози во земјите со ниски приходи. Ова е скандал што мора да престане, рече тој.

Според него, „нема смисла да се даваат трети дози на здрави луѓе или да се вакцинираат деца кога, истовремено, здравствени работници, повозрасни лица и луѓето од други ранливи групи сè уште ја чекаат својата прва доза“. Исклучок се луѓето со ослабен имунитет.

Гебрејесус нагласи дека „земјите со највисоко ниво на вакцинација продолжуваат да складираат уште повеќе вакцини против COVID-19, додека земјите со ниски приходи продолжуваат да чекаат“.

Има само две земји во светот кои сè уште не започнале со вакцинација – Еритреја и Северна Кореја.

Генералниот директор на СЗО потсети дека организацијата има поставено цел до крајот на оваа година да достигне најмалку 40 отсто вакцинирано население против коронавирус во сите земји низ светот. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе