Герасимовски ги повика пензионерите да се пријават за проектот Нега на стари лица во домашни услови

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посети дел од корисниците на проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ со цел да чуе дали се задоволни и во која насока истиот треба да се продлабочи и унапреди. Преку проектот, пензионерите во Центар користат нега во домашни услови од физиотерапевти, негуватели и социјални работници двапати во неделата по 3 часа.

„Општината преку вакви проекти им помага на највозрасните жители не само за помош низ домот или купување на продукти, посета на матични лекари и набавување на лекови, туку и за социјализација и сѐ друго што треба за да се помогне. Затоа сакав лично да посетиме дел од корисниците, со нив да поразговараме и слушнеме дали се задоволни и во која насока би требало истиот да го унапредиме и уште повеќе им помогнеме на граѓаните на кои им треба ваква помош“, рече Герасимовски.

Највозрасните сограѓани секојдневно се соочуваат со бројни предизвици како неможност да ги извршат секојдневните активности во домот поради возраст, неподвижност или болест. Затоа Општина Центар преку овој проект обезбедува асистенција за основните потреби на пензионерите и физиотерапевт за оние кои не можат да си го дозволат со лични средства.

„Општина Центар е единствена општина која обезбедува помош во домовите на своите сограѓани. Проектот 'Нега за стари лица во домашни услови' опфаќа 90 корисници и сите кои имаат потреба од проектот можат да аплицираат до секој 15-ти во месецот. Затоа ги повикувам заинтересираните граѓани да аплицираат за проектот и да ги искористат бенефициите. Мерката ги опфаќа лицата со полни 62 години без приходи или со примања до 35.000 денари“, се наведува во соопштението на градоначалникот.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Македонија

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more
 

Вести

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе