Легендарниот брод Титаник им понуди уште едно изненадување на ентузијастите.

Титаник беше британски патнички брод кој потона на 15 април 1912 година во Атлантскиот Океан откако удри во санта мраз на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк. На бродот имало повеќе од 2.200 патници и членови на екипажот, а при судирот се создала огромна пукнатина која пуштила вода во предните прегради. Кога лакот потонал, водата навлегла во преградите и на крајот довело до потонување на бродот за само 2 часа и 40 минути.
За оваа случка се напишани бројни написи, а направени се и бројни снимки и филмови, па се чини дека нема што повеќе да се додаде. Меѓутоа, 111 години по трагедијата, компанијата Magellan во остатоците на познатиот брод откри ѓердан со заб од мегалодон, за што објави и видео. Иако не е сосема јасно како изгледал накитот, сепак се чини дека најверојатно станува збор за ѓердан.
Magellan изврши ново дигитално скенирање на најпознатиот бродолом во светот и создаде дигитална мапа на Титаник, кој лежи на длабочина од 3.800 метри во Атлантикот.
„Ова ни дава уникатен 3D приказ на целиот брод, кој изгледа како водата да е исцедена. Се надеваме дека на овој начин ќе откриеме што точно се случило со бродот што потона во 1912 година“, соопштија од Magellan.
Сѐ уште не е познато кога дигиталната мапа ќе биде достапна за јавноста и кои тајни ќе ги открие. Исто така, не е познато дали токму дигиталното скенирање им помогнало на истражувачите да го забележат ѓерданот.
Како и да е, убаво е да се види дека она што се случи пред повеќе од еден век сè уште може да нѐ изненади и да донесе нови информации.