Германија утре ги гаси последните три нуклеарки, научниците се против

Само еден ден пред планираното затворање на последните три нуклеарни централи во Германија, група научници ја повикаа германската влада да го одложи исклучувањето на реакторите.

„Поради големата закана што климатските промени ја претставуваат за животот на нашата планета и поради очигледната енергетска криза во која се наоѓаат Германија и Европа поради прекинот на испораките од Русија, апелираме до германската влада да ги остави преостанатите три нуклеарни постројки во функција“, се вели во отвореното писмо на групата научници упатено до германскиот канцелар Олаф Шолц.

Нобеловците против исклучување

Во писмото, потпишано од добитниците на Нобеловата награда за физика Клаус фон Клицинг и Стивен Чу, меѓу другите, се наведува дека нуклеарните централи треба да се задржат поради нивните „очигледни придобивки од процесот на климатски промени“.

„Овие електрани снабдуваат 10 милиони домаќинства во Германија со електрична енергија, која се добива на начин што не ги забрзува климатските промени. Со тоа Германија годишно заштедува 30 милиони тони штетен јаглерод диоксид“, се вели во писмото потпишано од дваесет научници.

Научниците укажуваат на други земји во Европа, како што се Франција, Полска или Велика Британија, кои се откажаа од затворањето на своите нуклеарни централи во последните години.

„Непремостливи ризици“

Германската влада претходно објави дека последните три реактори на нуклеарните централи во Германија во сабота се исклучуваат од мрежата за снабдување со електрична енергија.

Првично беше планирано последните три нуклеарни централи Emsland, Isar 2 и Neckarwestheim 2 да бидат исклучени на крајот на минатата година, но нивната работа поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија како резултат на рускиот напад врз Украина, беше продолжен до средината на април.

„Излегувањето од системот за снабдување со електрична енергија од нуклеарните централи ја прави нашата земја побезбедна бидејќи ризиците што ги носат нуклеарните централи се непремостливи“, рече министерката за заштита на животната средина Штефи Лемке (Зелени).

„Црн ден за Германија“

Лидерот на парламентарната опозиција Фридрих Мерц (Христијанско-демократската унија CDU) остро го критикуваше затворањето на последните германски нуклеарни централи.

„Утре е црн ден за Германија“, рече Мерц. Тој додаде дека е „неразбирливо“ што Германија ги затвора нуклеарните централи, кои се „најбезбедни во светот“.

„Ниту една друга земја не реагира на војната во Украина и на влошувањето на снабдувањето со енергија како Германија“, рече Мерц, посочувајќи на 400 постоечки нуклеарни централи во светот и 60 во изградба, вклучително и во Европа.

Мнозинството против исклучување

Според истражувањето на јавното мислење на јавниот сервис ARD, мнозинството германски граѓани се против затворањето на последните нуклеарни централи. Се покажа дека 59 отсто од анкетираните сметаат дека оваа политичка одлука е погрешна, додека 34 отсто ја сметаат за исправна.

Најмногу противници на затворањето на нуклеарните централи се приврзаниците на CDU и на популистичката Алтернатива за Германија (AfD), додека мнозинството поддржувачи на затворањето се меѓу гласачите на Партијата на зелените.

Одлуката за повлекување на Германија од системот за снабдување со електрична енергија од нуклеарните централи ја донесе владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел (CDU) по нуклеарната катастрофа во Фукушима, Јапонија во 2011 година.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе