Германски политичар побара основачите на BioNTech да бидат на новите евра

Во потрагата по нов дизајн за идните банкноти на еврото, Европската централна банка (ЕЦБ) доби занимлив предлог од Европскиот парламент.

Имено, германскиот политичар од редовите на Слободните демократи, Мориц Кернер, побара основачите на BioNTech – Угур Шахин и Озлем Туреџи, да бидат на една од банкнотите. Се работи за изумителите на Pfizer/BioNTech вакцините.

– На новите банкноти треба да има важни европски личности како што е брачната двојка на основачот на BioNTech. Нивната работа ги спаси животите на милиони Европејци!, нагласи членот на ЕП за Die Welt.

– Нивниот животен пат е импресивна приказна за интеграција, напредок, претприемништво, научна извонредност и потенцијал на отворено имиграциско општество, додаде тој.

Дваесет години по воведувањето на еврото, ЕЦБ почна процес на редизајн на парите.

Мнението на јавноста ќе биде важен дел во процесот, но ќе минат години пред да биде завршен редизајнот. Управниот совет на ЕЦБ во 2024 година треба да одлучи за печатењето нови банкноти и кога тие би биле пуштени во оптек.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе