Гир: Ниту една земја не го губи идентитетот на патот кон ЕУ

Ниту една земја не го губи идентитетот на патот кон Европската Унија. Мислам дека оваа земја може да биде сигурна во поглед на нејзиниот идентитет, култура и јазик, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.

Тој, во интервју за Канал 5 вели дека ги разбира фрустрациите поради предолгото чекање, но нагласува дека ЕУ и Северна Македонија имаат заедничка корист од членството на земјата во Унијата.

-Во смисла на гаранции како што знаете во овој процес, во овој пристапен процес има многу делови, многу моменти во пристапниот процес кога има потреба одлуките да бидат носени едногласно. Важно е дека има одговорност од наша страна да се осигураме дека кога тие одлуки ќе дојдат, тие ќе бидат носени врз основа на реформите кои државата ги има за ЕУ, а не за други прашања. Тоа беше во смисла на тоа што претседателката Фон дер Лајен и претседателот Мишел го пренесоа кога го посетија Скопје, минатиот јули. Секако, тоа е многу важен елемент, рече Гир.

Според него најдобра гаранција да се оди напред е да се спроведат тие реформи, бидејќи, како што кажа, тоа е најбрз начин за влез во ЕУ.

-Потребни се големи напори предводени од Владата и вклучувајќи ги и другите институции и граѓанскиот сектор за да се протуркаат реформите, посочи Гир.

Во однос на уставните измени, Гир смета дека таа дебата треба да се води на одговорен начин сите засегнати страни.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе