„Глобал“ по расчистувањето на остатоците од пожарот

Пепел, мирис на изгорено, црнило, вода, слики како од апокалиптични филмови, можат да се видат и два дена по расчистувањето на остатоците на пожарот во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, кој избувна на 2 јануари годинава и пеплоса поголем дел од овој објект.

Денес сликата од „Глобал“ е „пожива“, бидејќи повеќе екипи на ЈПКД „Комуналец“ и други компании работат во внатрешноста на миење на површините и отстранување на изгорената електрична инсталација. Сопствениците на продавниците, кои не претрпеа поголеми штети, ги чистат црнилата од чадот.

Според Бранко Ѓоргиев од струмичкото комунално претпријатие, денеска се мијат столбовите и од нив се отстрануваат остатоците од огнот.

– И во наредните денови ќе продолжиме со миење и чистење на сите површини за да се подготват за санација и изведување на градежни работи. Работиме според утврдената динамика и благодарение на ангажманот на нашите работници, но и на повеќе компании кои несебично помагаат со работна рака и механизација, се надевам дека во планираниот термин ќе ја завршиме и оваа фаза од отстранувањето на штетите од пожарот, рече Ѓоргиев.

Од денес за сообраќај е отворена и улицата позади „Глобал“, преку која се изнесуваа остатоците од пожарот. Минувачи, кои ѕиркаа во внатрешноста, со неверување гледаа во остатоците и никако не можеа да ја спојат сликата кога секојдневно тука пазаруваа и купуваа.

– Не можам да поверувам дека толку е уништено. Страшно било. Ова е за неверување. Се надевам дека набргу пак ќе доаѓаме тука да пазаруваме, рече еден постар струмичанец.

Од „Глобал“ се извадија околу 370 тони најразличен отпад, а во пожарот, кој избувна ноќта на вториот ден од оваа година, опожарен е голем дел од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а урнат е и дел од покривот.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе