Гоце Седлоски на клупата на Работнички

Филип Здравески
/ 14.11.2023 / 15:39

Поранешниот долгогодишен репрезентативец Гоце Седлоски е нов предводник на клубот од Дебар Маало, објави денеска Работнички.

Работнички цели две недели беше без тренер откако спогодбено се раздели со Милан Илиевски ден по убедливиот пораз 3:0 од Шкупи. Иако првично требаше наредните денови да назначат нов тренер, сепак тоа се случи дури сега.

Гоце Седлоски беше без ангажман од јули кога си замина од албанска Влазнија, каде беше само три месеци. Работнички ќе биде третиот домашен клуб во неговата кариера откако претходно во два наврата го предводеше Шкупи, со кого ја освои титулата во 1.МФЛ во сезоната 2021/2022, со Вардар освои две последователни титули во сезоните 2015/2016 и 2016/2017, претходно беше спортски директор на клубот, а во тренерските почетоци го водеше и Хоризонт од Турново.

Освен Влазнија, Седлоски надвор од државава ги водеше вториот тим на загрепски Динамо, Широки Бријег, латвиска Рига, а занаетот го учеше како асистент тренер во Матерсбург, клубот каде што и ја заврши богатата кариера во 2011 година.

Штета што Седлоски седнува на клупата на Работнички по елиминацијата на клубот од Купот на Македонија минатиот четврток од Шкупи. Се чини Купот беше единствена шанса за излез во Европа наредното лето, со оглед на бодовното заостанување од 9 бодови до второто место.

Инаку, Гоце Седлоски долги години беше репрезентативец на Македонија играјќи точно 100 натпревари. Нерговата позиција беше централен бек. Кариерата ја почна прилепска Победа, играше и за сплитски хајдук, Шефилд Веднсдеј во Премиер лигата, загрепски Динамо, јапонска Вегалта Сендаи, турски Дијарбакирспор и австриски Матерсбург.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе