Годинава приведени скоро 300 криминалци во Скопје, барани со потерници

Скопската полиција изминатите 12 месеци приведе скоро 300 криминалци за кои претходно биле распишани потерници.

Според податоците на МВР, во текот на 2021 година од страна на oрганизациските единици во рамки на СВР Скопје и Оперативниот тим -потраги се преземаа низа мерки и активности при што редовно се прибирале сознанија за лица кои се предмет на потражна дејност по наредби добиени од страна на Основен кривичен суд Скопје, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, КПУ Затвор Идризово, КПУ Затвор Скопје – Скопје и др.

– Предмет на потрага беа лица за кои се распишувани национални и меѓународни потраги: осудени лица со казна затвор, лица под истрага со определена мерка притвор, лица под истрага, лица оддалечени или кои се дале во бегство од казнено-поправни установи, за кои се распишувани национални и меѓународни потраги, информираат од МВР.

Од страна на СВР Скопје бил изготвен План за оперативна акција, во кој вклучен бил и Оперативниот тим – потраги кој презема низа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица сторители на потешки кривични дела, за кои се предвидени повисоки казни затвор, лица кои повеќе години биле недостапни на органите на прогонот, како и лица кои избегале од КПУ -КПД на територија на РСМ и лица предмет на потрага на ИНТЕРПОЛ.

– Од страна на Оперативниот тим – потраги лишени се 102 лица за издржување на вкупна казна затвор 269 години и 6 месеци и за доиздржување на преостанат дел од казната затвор во траење од 204 години и 11 месеци. Од страна на организациските единици во рамки на СВР Скопје се преземаа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица при што лишени се 195 лица за издржување на вкупна казна затвор 210 години и 9 месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 22 години, 11 месеци и 27 дена, соопштија од МВР.

Во текот на 2021 година редовно се прибирале и сознанија за лица кои се предмет  на потражна дејност, а се наоѓаат надвор од територија на РС Македонија и во содејство со МВР Интерпол и МВР потраги беа екстрадирани 32 лица за кои има распишано меѓународни потерници. 

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Хроника

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Read more

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Read more

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе