Goldman Sachs: Златото е подобра инвестиција од биткоинот

Goldman Sachs очекува златото со неговите реални двигатели на побарувачка да го надмине нестабилниот биткоин на долг рок.

Помалку е веројатно дека златото ќе биде засегнато од построгите финансиски услови, што го прави „корисна алатка за диверзификација на портфолиото“, особено затоа што е развиена нешпекулативна употреба на златото, додека биткоинот се користи за шпекулации, велат од Goldman Sachs.

Анализата на Goldman Sachsмпокажа дека трговците користат злато за заштита од инфлација и пад на доларот, додека биткоинот наликува на „ризични технолошки акции“.

Вредноста на биткоинот, кој банката го нарече „решение кое бара проблем“, произлегува од опсегот на неговите идни случаи на употреба во реалниот свет, што го прави понестабилно и шпекулативно средство од благородниот метал.

Додека подготвеноста на инвеститорите да ја истражуваат децентрализираната валута помогна во усвојувањето на биткоинот, банката предвидува дека финансиските услови ќе станат построги.

„Нестабилноста на биткоинот исто така се засилува со системски проблеми, бидејќи неколку главни играчи веќе поднесоа барање за стечај“, соопшти банката, наведувајќи го колапсот на криптоменувачницата FTX и хеџ фондот ZAS.

„Златото би можело да има корист од структурно повисоката макро-нестабилност и потребата да се диверзифицира изложеноста на акции“, додаваат од Goldman Sachs

реклама

Бизнис

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Read more
 

Вести

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе