Голем интерес за наградата „Драги“, номинирани 37 преведувачи

Во текот на изминатата недела се состана тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“.

Комисијата ја сочинуваат Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник на семејството на Драги Михајловски), Лидија Капушевска-Дракулевска (професорка на Катедрата за општа и компаративна книжевност и книжевна критичарка и теоретичарка) и Милан Дамјановски (професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност и преведувач).

На конститутивната средба, членовите на комисијата ги разгледаа доставените книги и имаа консултативен разговор во врска со процедурата околу изборот и начинот на работа на комисијата.

За наградата „Драги“ се номинирани 37 преведувачи од 16 издавачи и едно приватно издание:

1. Алида Муча за преводот од албански јазик на „Премин во времето“ од Миѓен Келменди, во издание на Темплум.

2. Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански јазик на „Пет куси романи и неколку раскази“ од Наталија Гинцбург во издание на Артконект.

3. Ацо Пероски за преводот од англиски јазик на „Далеку од Ирска“ од Вилијам Тревор во издание на Или-или.

4. Билјана Китановска за преводот од српски јазик на „Прелест“ од Филип Грбиќ во издание на Перун артис.

5. Бисера Бендевска за преводот од англиски јазик на „Ноќта пред Божиќ во земјата на чудата“ од Карис Бексингтон во издание на Арс Ламина.

6. Василија Теофилова за преводот од англиски јазик на „Деана (Оние што не се гледаат)“ од Норма Данинг во издание на Полица.

7. Виолета Јагев за преводот од шпански јазик на „Невидлив“ од Елој Морено во издание на Антолог.

8. Давор Стојановски за преводот од словенечки јазик на „Пчелно семејство“ од Ања Мугерли во издание на Антолог.

9. Дарко Спасов за преводот од словенечки јазик на „Стаклени пламени“од Цветка Бевц во издание на ИД-Концепт консалтинг и дизајн.

10. Дејан Василевски за преводот од српски јазик на „Капут од мов“ од Стефан Тиќми во издание на Арс Либрис.

11. Ѓоко Здравески за преводот од хрватски јазик на „Санг“ од Ален Брлек во издание на ПНВ Публикации.

12. Ѓургица Илиева Нацкова за преводот од англиски јазик на „Мачкино око“ од Маргарет Атвуд во издание на Антолог.

13. Елизабета Линднер за преводот од германски јазик на „Избрана поезија“ од Софи Рајер во издание на Арт Еквилибриум.

14. Ермис Лафазановски за преводот од романски јазик на „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак во издание на Арс Либрис.

15. Звонко Димоски и Наташа Забрчанец за преводот од турски јазик на „Не кажувај никому“ од Гонџа Озмен во издание на ЗРР Локална Акциона Група Агро Лидер Кривогаштани.

16. Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на Артконект.

17. Иван Шопов за преводот од хрватски јазик на „На работ од паметот“ од Мирослав Крлежа во издание на Бегемот.

18. Игор Котески за преводот од англиски јазик на „Брачниот портрет“ од Меги О’Фарел во издание на Арс Ламина.

19. Илир Ајдуни за преводот од албански јазик на „Нема мапа за удавените“ од Ариан Лека во издание на Перун артис.

20. Јовица Ивановски за преводот од српски јазик на „Земја по абажур“ од Драгослав Дедовиќ во издание на ПНВ Публикации.

21. Јордана Шемко Георгиевска за преводот од албански јазик на „Записите на црвот смолински“ од Азем Делиу во издание на Перун артис.

22. Катерина Јосифоска за преводот од германски јазик на „Тил“ од Даниел Келман во издание на Артконект.

23. Катица Гаровска Ацевска за преводот од бугарски јазик на „Абсолво те“ од Георги Бардаров во издание на Полица.

24. Ксенија Чочкова за преводот од германски јазик на „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер во издание на Арс Либрис.

25. Лара Прокопиева за преводот од шпански јазик на „Во понеделник ќе нѐ сакаат“ од Наџат ел Хачми во издание на Антолог.

26. Лидија Танушевска за преводот од полски јазик на „Сите војни на Лара“ од Војќех Јагелски во издание на Славика либрис.

27. Љубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Елизабет Финч“ од Џулијан Барнс во издание на Артконект.

28. Максим Каранфиловски за преводот од руски јазик на „Во спомен на спомените“ од Марија Степанова во издание на Бата Прес.

29. Марија Гиревска за преводот од англиски јазик на „Џакомо Џојс“ од Џејмс Џојс во издание на Марија Гиревска.

30. Милица Миркуловска за преводот од полски јазик на „Гласот на Господарот“ од Станислав Лем во издание на Антолог.

31. Никола Ѓелинчески за преводот од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации.

32. Никола Маџиров за преводот од англиски јазик на „Арарат“ од Луиз Глик во издание на Артконект.

33. Сања Михајловиќ-Костадиновска за преводот од шпански јазик на „Книга од соништа“ од Хорхе Луис Борхес во издание на Бегемот.

34. Сашо Огненовски за преводот од српски јазик на „Деца“ од Милена Марковиќ во издание на ПНВ Публикации.

35. Снежана Стојчевска за преводот од српски јазик на „88“ од Надија Реброња во издание на ПНВ Публикации.

36. Томе Сиљаноски за преводот од англиски јазик на „Вистина“ од Том Филипс во издание на Арс Либрис.

„На состанокот со задоволство беше констатиран исклучително високиот интерес на преведувачите и издавачите за конкурсот на наградата ‘Драги’ која треба да ја стимулира преведувачката дејност и да го подигне квалитетот на преведените дела“, велат од Комисијата.

На 1 септември 2022 година тимовите на издавачката куќа „Антолог“ и на Фестивалот „BookStar“ дадоа иницијатива да се востанови наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик, во што семејството на Драги Михајловски ја даде својата безрезервна поддршка. Заедничката цел беше, од една страна, да се даде прилог кон овековечувањето на животот и делото на Драги Михајловски, а од друга страна, да се постави нов стандард во вреднувањето на преведувачката дејност.

Првото почесно признание постхумно беше  доделено токму на Драги Михајловски. Наградата официјално ќе почне да се доделува  оваа година на годишно ниво на конкурс на кој ќе може да учествуваат сите издавачки куќи и преведувачи со веќе објавен превод.

За наградата можеше да се конкурира со книги објавени во периодот меѓу 1 јули 2022 година и 30 јуни 2023 година.

Објавените книги мора да бидат преведени од оригинален јазик, а може да се конкурира со дела преведени од „живи“ и од класични јазици (арапски, старогрчки, санскрит и латински јазик).

Наградата се доделува за превод на дела од сите книжевни видови: проза, поезија и драма.

Право на номинација за наградата имаат издавачки куќи, здруженија на граѓани и преведувачи.

Секоја издавачка куќа или здружение на граѓани имаат право да номинираат најмногу пет книги, а секој преведувач има право да номинира најмногу две книги.

Еден преведувач не може да биде номиниран со повеќе од еден превод.

Конкурсот беше отворен до 30 јуни 2023 година.       

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more
 

Вести

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе