Голем месечен хороскоп за февруари (трет дел)

Јануари добро нѐ потресе на сите нивоа, па еве го февруари да расчистиме многу работи, да донесеме промени, да ги прекинеме или барем да почнеме да ги раскинуваме односите кои долго време стагнираат и да им дадеме уште една шанса на оние кои талкаат - да се пронајдат себеси.

Во претходните објави ви кажавме кои ќе бидат општите аспекти на планетите во февруари и што ќе им донесе овој месец на огнените знаци Овен, Лав и Стрелец. Денеска прочитајте што ги очекува земјените знаци Бик, Девица и Јарец.

БИК

Љубов

Вашиот владетел започна со директен од, кој секако ќе ви донесе подобра енергија, но и ќе направи многу ситуации со кои сте биле оптоварени или кои ве попречувале – сега да почнете да ги решавате. Во првата половина на февруари може да има некоја блага тензија во партнерството - тоа може да биде затоа што со партнерот се обидувате да ги решите или заедничките односи во врската или прашањата кои се поврзани со вас како поединци. Партнерот периодов ќе се покаже како голема поддршка, без разлика што во одредени моменти ќе може да ве изнервира со својата тврдоглавост. Општо кажано - месец кој ги зајакнува страстите и врската меѓу вас двајца, и ви дава можност повеќе да излегувате заедно, да се дружите, па дури и да патувате некаде. Слободни Бикови – покрај сѐ уште присутното минато, периодот пред вас е добар за нови емотивни почетоци, пред сѐ преку пријателите, социјалните мрежи и излегувањата.

Работа

Пред вас е уште еден сериозен и напорен работен месец. Младата Месечина на полето на вашата кариера отвора можност за сериозна деловна соработка и напредување – но сето тоа е надополнето со вашата голема посветеност и „трошење“ преку работата и обврските. Можно е уште една причина за одливот на енергија и стрес преку работата да бидат промените што се случуваат во оваа област - дали преку некаква реорганизација или промена на условите за работа. Во однос на финансиите – ќе бидете постабилни отколку во текот на јануари. Подобро менаџирање на парите.

Здравје

Зголемен стрес и можни респираторни инфекции во вториот дел од месецот. Генерално, имунитетот полека ви се подобрува.

ДЕВИЦА

Љубов

Полето на љубов и уживање, забава – го нагласуваат низа планети и на прв поглед би се рекло дека и слободните, и зафатените Девици ги очекува феноменален месец. Но, Сатурн како владетел на сите планети кои се во вашето поле на љубовта сѐ уште е на полето кое зборува за обврски и затоа имаме малку поинаква интерпретација. Во емотивните врски потребно е да се фокусирате на уживањето, убавите заеднички моменти и сѐ што оди со тоа, но сепак под површината ќе има одредена тежина и немир. За некои - можеби затоа што се свесни дека треба да се преземат посериозни чекори. Кај другите - можеби затоа што има проблем што засега не се во состојба да го решат. Или можеби од причина што имате малку време за уживање и морате многу повеќе да се посветите на обврските. Смирете се, оставете сè да оди со темпото на Сатурн. Слободни Девици - љубов дефинитивно, без разлика дали е стара или нова. А можеби и двете?

Работа

Ве очекуваат бројни настани и промени во деловниот сегмент. Од малите - како што се промените во колегијалниот сектор, до големите - нови обврски, деловни реорганизации, вработување или дури и престанок на работниот однос. Ќе има сѐ, само мир и опуштен начин на функционирање - тешко. Присуството на Сатурн, Сонцето, младата Месечина и подоцна во февруари и Меркур во деловниот сектор кажува дека сѐ што е поврзано со бизнисот сега ви е од големо значење. Растете, полека но сигурно.

Здравје

Постари Девици - зглобови, крвен притисок, циркулација. Хроничните пациенти треба почесто да прават проверки. Помлади - сменете ги навиките, изградете имунитет.

ЈАРЕЦ

Љубов

Вашите зборови и постапки имаат голема моќ во текот на февруари, така што многу ќе зависат од вас. Ако знаете како да му пристапите на партнерот на вистински начин, голема е веројатноста дека и вам ќе ви биде возвратено. Но, ако се повлечете, молчите или уште полошо - тренирате строгост и се направите авторитет за сите работи - тешко дека нешто ќе подобрите, може само да ја влошите ситуацијата. Насочете ја силата што ја носите сега на вистинската страна, бидејќи од тоа ќе зависи дали од февруари ќе излезете во стабилна врска или во врска која е пред колапс. Друга работа е ако навистина сакате да ги прекинете врските што ве поврзуваат - тогаш февруари е повеќе од поволен за тоа. Слободни Јарци - навистина можете да имате сè - и нова комуникација и односи со поранешните партнери, но и нови познанства - од кои некои можат да бидат многу инспиративни и интересни. Љубовта ви се насмевнува, возвратете ѝ ја насмевката!

Работа

Решавате пропусти, документи, исправате грешки, ги надополнувате сите доцнења - сето тоа во периодот до крајот на првата недела од февруари. Па, после тоа можете да одите со полна пареа. Имате повеќе од одлични позиции за да направите големи деловни промени и напредок. Ќе бидете феноменални во преговорите и договорите – многу убедливи и елоквентни, со добри идеи и предлози. Вториот дел од месецот е особено добар за започнување нови бизниси и договори, но и за значително подобрување на состојбите во финансискиот сегмент.

Здравје

И енергијата и здравјето полека растат. Ќе уживате во сите видови физички активности, особено во прошетки и престој на свеж воздух. Кај постарите - помали проблеми со колковите, зглобовите, нозете.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе