Голема афера во Србија: Протекоа имиња на повеќе од 14.000 интернет воини на Вучиќ

Србија ја тресе голема афера која ја потресе политичката сцена предводена од претседателот Александар Вучиќ. Неодамна, на интернет протече листа од 14.310 профили поврзани со владејачката Српска напредна партија (СНС) на социјалните мрежи Facebook, Instagram, Twitter и TikTok.

На овие профили, ботови поврзани со владејачката партија испраќаат пораки и коментари во кои го величаат претседателот Александар Вучиќ и неговата политика.

Од друга страна ги напаѓаат и навредуваат оние што не го делат истото мислење, особено српската опозиција и демонстрантите кои веќе неколку недели излегуваат на улица и бараат заминување на Вучиќ од политичката сцена.

Спорната листа содржи конкретни имиња на ботови, а идентификувани се 3.162 од нив кои „професионално“ ја вршат оваа работа паралелно со нивното постојано вработување или функција во општеството. Голем дел од нив се вработени во градските администрации, министерства и други државни или локални институции, директори на училишта, професори на факултет и други лица чие финансирање се базира на државниот буџет.

Според пишувањата на српските медиуми, некои од нив добиваат хонорари за оваа услуга за да им помогнат да ја надминат инфлацијата и тешката социјална состојба.

Remote video URL

Ботовите се поделени во 4 категории. Првите се класични ботови чија задача е да пишуваат позитивни и поддржувачки коментари за СНС и политичките потези на Вучиќ. Втората категорија се т.н. суперспецијалисти, најчесто вработени во државни и јавни служби, кои реагираат во вонредни ситуации и можат да изразат љубов кон лидерот или омраза кон непријателите.

Третата категорија се хејтерите задолжени да ги навредуваат, омаловажуваат и исмеваат оние што имаат спротивставени мислења за Вучиќ и неговата политика. Четвртата група се навивачи задолжени само да го фалат и промовираат култот на личноста на Александар Вучиќ.

Откако беа откриени овие профили, некои беа избришани или деактивирани. Еден од нив е Марко Јовановиќ, кој призна дека е бот, исто како и неговиот истоименик, а и двајцата биле алтер его на поранешниот претставник на СНС во Собранието, Јанко Лангура.

Градовите со најголем број на ботови поврзани со СНС се Крушевац со 87 луѓе, Шабац со 70 и Лесковац со 63 луѓе кои ја извршуваат оваа задача. Меѓу нив има претставници во Градската управа, како и вработени во градската администрација и градските претпријатија.

Пред неколку години, од Twitter беа отстранети околу 8.500 профили кои ги фалат СНС и Вучиќ. Од тие сметки беа објавени повеќе од 40 милиони твитови. Треба да се напомене дека неколку години претходно, денешниот градоначалник на Белград, Александар Шапиќ, призна дека користел ботови, но го изрази своето незадоволство бидејќи „комплементарните профили“ не биле доволно ефективни.

реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе