Google оди „на диета“

Google остварува најголем дел од своите приходи од огласувачите. Фактот дека на секој корисник може да му прикаже реклама што го интересира ѝ носи на компанијата милијарди долари секоја година.

За да се постигне ова, тие користат „колачиња“ (cookies), кои го следат корисникот додека е на интернет и составуваат извештаи за тоа што бара корисникот и кои страници ги посетува.

Сепак, се чини дека Google наскоро може да биде ставен „на диета“.

Употребата на колачиња отсекогаш била контроверзна, особено во круговите кои се залагаат за приватност на корисниците. Бидејќи прашањето за приватноста станува сè поважно во светот на технологијата, Google одлучи да развие нова технологија која би ги заменила колачињата, истовремено обезбедувајќи им на корисниците поголем степен на заштита.

Воведување на новиот, алтернативен систем, тие рекоа дека пристапот „ефикасно го крие поединецот во толпата и користи обработка на податоци на уредот за даможе историјата на пребарување на корисникот да остане приватна“.

Системот со интересно име - Federated Learning of Cohorts" (FLoC) - треба да биде тестиран во прелистувачот Chrome годинава. Сепак, не се сите задоволни од овие нови планови.

„Се чини дека црната кутија наречена ‘машинско учење’ може да преземе контрола врз сè што некогаш сте направиле во прелистувачот, а со тоа и да ги ‘групира’ корисниците. Огласувачите се тие што ќе толкуваат што значат тие групи“, предупредуваат од Electronic Frontier Foundation, непрофитно здружение посветено на заштитата на дигиталните права.

Google уште не наведува како новата технологија може да влијае на корисниците.

реклама

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе