Иако неодамна излезе новиот Google Pixel 5a, се појавуваат сè повеќе и повеќе информации и шпекулации за новите смартфони Pixel 6 и Pixel 6 Pro.
Новите смартфони ќе имаат сензор за отпечаток од прст кој ќе биде сместен под екранот. Потпретседателот на Google за Android, Хироши Локхајмер покажа скриншот кој веројатно е направен со Pixel 6 Pro, a кој содржи икона за отпечаток од прст.
Неговиот твит требаше да го покаже новиот интерфејс на Andoid „Material You“, но кога ја воочи грешката и согледа дека открил важен детаљ, го избриша твитот беше предоцна.
Иконата на екранот го покажува скенерот за отпечаток од прст кој е интегриран на екранот, а резолуцијата на фотографијата е 1.440х3.200 пиксели, уредот користи Android 12 beta, па јасно е дека станува збор за Pixel 6 Pro.