Google в петок ги брише сите стари кориснички сметки

Од 1 декември Google ќе ги избрише сите стари и неактивни Google сметки, односно оние што не биле користени најмалку две години. Така, е-поштата, односно Gmail и другите содржини, како што се фотографиите, записите во календарот, контактите и документите од дискот, ќе бидат избришани, во согласност со новата политика на компанијата. Чистењето на целиот систем има за цел да ги заштити корисниците од безбедносни закани, како што се спам, фишинг измами и кражба на сметки, објаснува Google.

Google ги брише неактивните сметки од својот систем бидејќи, како што велат, „поголема е веројатноста да бидат компромитирани“. Ненадгледуваните сметки често се потпираат на стари или повторно употребени лозинки, имаат помалку безбедносни проверки од корисниците и имаат 10 пати поголема веројатност да немаат поставено двофакторна автентикација, покажуваат внатрешните податоци на Google.

Кога сметката е компромитирана, „може да се користи за сѐ, од кражба на идентитет до спам или дури и злонамерна содржина“, се вели во соопштението на компанијата за промената на политиката.

Google ќе започне со укинување на неактивни сметки на 1 декември 2023 година, според известувањето што тие самите го објавија на страницата. Ќе започне со елиминирање на сметките што луѓето ги создале, а потоа никогаш повеќе не ги посетиле.

Според новата политика на Google, „ако сметката на Google не била користена или најавена најмалку 2 години, сметката и нејзината содржина, вклучително и содржината во Google Workspace (Gmail, Docs, Drive, Meet, Calendar) и Google Photos“ можат да бидат избришани.

Сепак, новите правила важат само за личните сметки на Google, што значи дека училиштните или работните сметки не се засегнати. Дополнително, Google нема да ги отстрани сметките што прикачувале видеа на YouTube или имаат активни претплати на апликации или услуги за вести, според новата политика на компанијата.

Пред бришењето, корисниците ќе добијат „повеќе известувања“ дека нивните сметки ќе бидат укинати пред тоа навистина да се случи, се вели во соопштението на компанијата.

Секој со стара сметка што сака да спречи нејзино бришење може да се најави и да користи една од алатките на компанијата, како што се Gmail, Google Drive, Google Photos и Google Play.

Дејствата што ќе му сигнализираат на Google дека е активен вклучуваат читање или испраќање е-пошта, користење на Google Drive, гледање видеа на Јутјуб, преземање апликација од продавницата на Google Play, користење на Google Search, користење најава на Google за пристап до апликација од трета страна или услуга.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Интернет

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе