Горанците од Косово побараа да ги посети премиерот Заев

Премиерот Зоран Заев имаше онлајн-средба со Един Бајрами, претседател на Здружението на Горанците во Македонија и со претставници на здружението, на која, како што информира владината Прес-служба, се поздравени политиките на премиерот Заев и на Владата за концептот „Едно општество за сите граѓани“.

– Претседателот и членовите на Здружението на Горанците, за кое е соопштено дека е формирано пред две години во нашата држава, информираа дека имаат претставници од Горанците во нашата земја, но и од Косово и од Албанија, и изразија определба за активен придонес во реформските процеси во државата. Тие информираа дека како луѓе од еснафот, главно угостители и занаетчии, во време на пандемијата имаат организирано хуманитарни активности со поделба на оброци за припадници на МВР, на мигранти и на деца без родители и дека ќе продолжат да дејствуваат во оваа хумана насока, соопшти владината служба за информирање.

Исто така, на средбата  беа истакнати и неколку културно-уметнички проекти, на чиишто подготовки веќе работи здружението.

– Горанците се одговорни и лојални граѓани на нашата држава и треба да бидат поддржани во изразениот интерес да придонесат во политиките и активностите за доброто на државата, рече премиерот Заев.

На средбата е договорено во следниот период да се работи на поголема вклученост на Горанците во општествено-политичкиот живот во земјава, како и за поддршка на посочените проекти од областа на културата.

– Исто така, разговарано е и за можноста за посета на областа Гора во Косово, каде, како што е соопштено, има изразен интерес од населението за средба со премиерот Зоран Заев, информира владината прес-служба.

Во областа Гора распослани се девет села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед, познати под името Горанци, а нив ги има и во други делови на Косово. Партијата „Единствена горанска партија“ ги претставува во косовската политика, додека најпознат Горанец е поранешниот југословенски фудбалски репрезентативец Фахрудин Јусуфи кој почина минатото лето.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе