Горивата поевтинуваат од полноќ

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3,50 денари по литар, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за три денари, а за два денара бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 90 денари, а 92 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 90 денари, а Екстра лесното масло (ЕЛ-1) 87,50 денари.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,557 денари и ќе изнесува 52,786 денари по килограм.

Со Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80 проценти во однос на одлуката од 5. месецов.

Од РКЕ укажуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,569 проценти, кај дизелот за 2,117 проценти, кај екстра лесното масло за 2,960 процрнти и кај мазутот за 1,402 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,117 проценти.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе